Miloseski, Slobodan (2024) Професори и студенти, академска година 2023-24 - групна изложба. [Show/Exhibition]
Other (Каталог од изложбата)
Професори и студенти 2 - каталог.pdf - Published Version Download (4MB) |
|
Image (Фотографии од отворањето на изложбата)
Отворање на изложбата.pdf - Other Download (2MB) |
|
Image (Фотографија од делото)
Пркосен поглед.pdf - Presentation Download (446kB) |
Abstract
Во Галеријата на МКЦ-Скопје на 14.06.2024 година беше по втор пат отворена изложбата „Професори и студенти“ , на која зеде учество Ликовната академија при УГД. Основата на овој проект е заедничкото претставување на дела на професори и нивни студенти. Поради групното прикажување на избраните дела, тука ги нема статусните разлики што постојат во ателјеата, разликите помеѓу професор и студент, помеѓу ментор и ученик.
На иложбата беа презентрани сликарски дела на платно и лесонит, скулптури изработени во дрво, метал и гипс, графики изработени во техники како сува игла, акватинта, висок печат и др. Ликовната академија на оваа изложба ја претставуват професорите м-р Јана Јакимовска и д-р Слободан Милошески, студентите на втор циклус Бојана Тошевска и Ристе Мицевски, како и студентот на прв циклус Филип Добривоевски.
Освен Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на оваа изложба учество зедоа Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Факултетот за уметност и дизајн на Интернационалниот балкански универзитет, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово и „Скала“ – Школа за дијзан и уметност. Бројот на застапени институции, како и на различните академските програми што тие ги нудат, говори многу за промената и за развојот на културната и ликовната свест во Македонија во изминатите години, а истовремено, и за сегашното високо ниво на уметничката и академската култура во нашата земја. Изложбата ја организира Младинскиот културен центар со финансиска поддршка на Град Скопје. Љубителите на ликовната уметност изложбата ќе имаат прилика да ја посетат до 23.06.2024 год.
На оваа изложба беше претставено моеро скулпторско дело под наслов „Пркосен поглед“, изработено во инокс со димензии:39х14,5х12,5cm.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Slobodan Miloseski |
Date Deposited: | 30 Sep 2024 11:07 |
Last Modified: | 30 Sep 2024 11:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34755 |
Actions (login required)
View Item |