Nacev, Trajce and Cvetanov, Dusko and Jovanova, Simona (2023) Рановизантиска набљудителна (стражарска) кула „Пирго-Каљ’ната“ с. Мокриево – Струмичко. In: Mеѓународна научна конференција на Институтот за историја и археологија, при Факултетот на образовни науки, Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Text
Прелиминарна програма (1).pdf Download (229kB) |
|
Text
Презентација, Цветанов, Јованова, Нацев.pdf Download (5MB) |
Abstract
За првпат, во 2011 - 2012 година, беа извршени археолошки истражувања на локалитетот ,,Пирго-Каљ’ната “, кој се наоѓа југоисточно од селото Мокриево (Струмичко) коешто лежи во подножјето на планината Беласица.Станува збор за фортификационен објект – кула, која според начинот на градење, била изградена во доцната антика како фрурион, т.е. набљудувачница која го обезбедувала патниот правец Струмица - Сер. Ваквите доцноантички / рановизантиски тврдини кои лежеле покрај значајни патни правци и премини, биле делумно обновувани и ставани во функција и во средниот век. Сметаме дека оваа кула во с. Мокриево била употребувана од страна на Самуил и, најверојатно, тоа е тврдината Мацукион (Ματζούκιον) која ја споменува хроничарот Јован Скилица во походот на Василиј II, во 1014 година.Во 2023 година, од страна на НУ Завод и музеј Струмица се изготви проект за конзервација на оваа кула. Со реализација на овој проект ќе добиеме уште еден споменик на културата кој ќе биде презентиран пред пошироката јавност, поврзан со историските случувања во овој дел на Македонија, како во времето на доцната антика така и во времето на Самоиловите војни и средновековието.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 13 Feb 2024 13:28 |
Last Modified: | 13 Feb 2024 13:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33498 |
Actions (login required)
View Item |