Приказ на градежна техника скриен сантрач систем (Semi opus cloisonné cum lignum) кај средновековни сакрални и профани објекти во Струмичкиот регион

Nacev, Trajce and Cvetanov, Dusko (2023) Приказ на градежна техника скриен сантрач систем (Semi opus cloisonné cum lignum) кај средновековни сакрални и профани објекти во Струмичкиот регион. Годишник на Асоцијација „ОНГЪЛ“, 22 (16).

[thumbnail of Ongal_Annual_t22_Natsev_Tsvetanov.pdf] Text
Ongal_Annual_t22_Natsev_Tsvetanov.pdf

Download (16MB)

Abstract

Средновековна Струмица, несомнено, претставува еден од најзна-
чајните средновековни, централнобалкански градови, воено-админи-
стративен центар и седиште на доста значајната по ранг – епископија.
Поставеноста на, речиси, еднаква оддалеченост од главните центри
на моќ во овој дел на Балканот: Солун, Сер и Скопје е доволна потвр-
да дека градот Струмица претставувал главната алка на поврзување.
Струмица во средниот век имала нагласена јужна, трговска ориен-
тација кон Солун, бидејќи секогаш се наоѓала во перифериите на
средновековните балкански држави и далеку од нивните центри.
Развојот на средновековна Струмица се должел на непосредната
близина до вториот по големина и значење центар на Балканот, гра-
дот Солун, од каде што воедно го црпела секое ново искуство, нов
напредок, секоја нова промена која директно влијаела и на самиот
развој на градот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 08 Feb 2024 10:43
Last Modified: 08 Feb 2024 10:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33464

Actions (login required)

View Item View Item