Brahimaj, Frasher (2022) Придонес за унапредување на контурните минирања при формирање на завршни косини на патиштата и површинските копови. Doctoral thesis, UGD, Faculty of natural and technical sciences.
Text
Dok. Disertacija, M-r Frasher Brahimaj.pdf Download (25MB) |
Abstract
Контурните минирања влегуваат во рангот на специјални минирања, заради целта и нивната сложеност како и заради нивната употреба. Овие минирања имаат многу широка примена при изградба на патишта (автопати) и на површинските копови, овозможувајќи формирање на стабилни косини на етажите, без пукнатини, целосно безбедни како за работа на површинските копови така и при користење на патиштата.
Контурните минирања може да се реализираат во комбинација со примарни дупчотини или дури само со контурни дупчотини, во зависност од видот на карпестата маса (материјалот) и нивните физичко – механички карактеристики.
Друга специфичност на контурните минирања е дека специфичното полнење за контурните дупчотини е изразено во единици [kg/m3], додека специфичното дупчење е изразено во единици [m’/m3].
Специфично полнење на експлозив за контурните дупчотини обично има вредности од 0,28 - 0,30 [kg/m3], каде што е во зависност од геометријата на дупчење и количината на експлозив сместен во дупчотината, при што во нашиот случај има вредност 0,29 [kg/m3].
Специфичното дупчење за контурни дупчотини обично има вредности околу 1,25 ÷ 1,45 [m’/m3], при што во нашиот случај има вредност 1,35 [m’/m3].
Големо значење при контурните минирања има начинот на поврзување на минските дупчотини и системот за иницирање кој е избран, а во овој случај е избран Нонел системот за иницирање.
Овој систем за иницирање ни овозможува забавување помеѓу дупчотините во редот и помеѓу редовите, овозможувајќи да се намали нивото на вибрациите на земјата предизвикано од експлозијата а со тоа и подобра гранулација и ефективно контурно минирање.
Клучни зборови: стабилност на косини, нонел систем, експлозив, контурни дупчотини, примарни дупчотини, параметри на дупчење, етажа, патрониран експлозив.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences Engineering and Technology > Environmental engineering Engineering and Technology > Mechanical engineering Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Risto Dambov |
Date Deposited: | 27 Apr 2022 09:41 |
Last Modified: | 27 Apr 2022 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29597 |
Actions (login required)
View Item |