Поживотот на Конески

Jakimovska, Svetlana (2021) Поживотот на Конески. In: ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ – ПОСТОЈАН ИЗВОР НА ИСТРАЖУВАЊА ВО НАУКАТА ЗА ЈАЗИКОТ, ЛИТЕРАТУРАТА И КУЛТУРАТА, 1 јуни 2021, ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА, МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА.

[thumbnail of Potvrda_BlazeKoneski_020.jpg]
Preview
Image
Potvrda_BlazeKoneski_020.jpg

Download (309kB) | Preview
[thumbnail of ПРОГРАМА за Тркалезната маса во чест на Конески.docx] Text
ПРОГРАМА за Тркалезната маса во чест на Конески.docx

Download (92kB)
[thumbnail of Koneski.pptx] Slideshow
Koneski.pptx

Download (1MB)

Abstract

Валтер Бенјамин го воведува терминот поживот во традуктологијата со цел да го објасни значењето на преводот за литературното дело. Имајќи го в преграб поетскиот опус на Конески неминовно се прашуваме дали и колку го овозможуваме неговиот поживот или уште повеќе неговиот живот надвор од нашата татковина. Зашто поезијата на Конески е и македонска, но и општочовечка - него го мачат и историјата и иднината, и животот и смртта, и обврските во сегашноста и оние кон вечноста.
Во таа смисла, предмет на овој труд ќе биде препевот на поезијата на Конески на англиски јазик. Корпусот го сочинува препевот на неколку негови поетски дела поместени во изданието Основоположници на модерната македонска поезија (Founders of Modern Macedonian Poetry), а традуктолошката анализа ќе опфати повеќе аспекти.
Од една страна, ќе се осврнеме на трансферот на културните елементи, а анализата би требало да ни прикаже кои стратегии ги користела преведувачката при трансферот на обележјата на македонската култура и колку севкупното издание, заедно со паратекстот, му овозможува на англофониот читател да нурне во една култура, неретко далечна за него.
Потоа, предмет на наша анализа ќе бидат преводните решенија на повеќе јазични рамништа следејќи го методолошкиот пристап на т.н. матрица на преводливост. Прво ќе се осврнеме на версификацијата, на уметноста на формата во неговата поезија за да се запрашаме дали и како е пренесена во преводот. Потоа, ќе ја анализираме лексиката, која е вкоренета во традицијата, но која неретко е и иноваторска. Конечно, ќе посветиме внимание и на специфичната синтакса и на стилските фигури кои претставуваат дополнителен предизвик и за најумешниот преведувач.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Svetlana Jakimovska
Date Deposited: 26 Jan 2022 08:46
Last Modified: 26 Jan 2022 08:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29111

Actions (login required)

View Item View Item