Проект покренат под иницијатива на Амбасадата на Република Италија во Република Северна Македонија по повод „Ден на италијанскиот дизајн во светот – 100 години од раѓањето на Отавио Мисони” – „Il Giorno del Design Italiano – 100 Anni dalla Nascita di Ottavio Missoni"

Kertakova, Marija and Golomeova, Saska and Zhezhova, Silvana and Koceva, Vesna (2021) Проект покренат под иницијатива на Амбасадата на Република Италија во Република Северна Македонија по повод „Ден на италијанскиот дизајн во светот – 100 години од раѓањето на Отавио Мисони” – „Il Giorno del Design Italiano – 100 Anni dalla Nascita di Ottavio Missoni". [Project]

[thumbnail of Project_Missoni.pdf] Text
Project_Missoni.pdf

Download (467kB)
[thumbnail of Missoni Sashka_Silvana.pdf] Text
Missoni Sashka_Silvana.pdf

Download (3MB)
[thumbnail of Missoni – Доц.д-р Марија Ќертакова_Анализа на модни колекции (1953-2021).pdf] Text
Missoni – Доц.д-р Марија Ќертакова_Анализа на модни колекции (1953-2021).pdf

Download (8MB)

Abstract

На ден 21. 05. 2021 година се одржа проект во рамките на промотивните активности посветени на "Денот на италијанскиот дизајн во светот". Продеканот на Филолошки факултет доц. д-р Весна Коцева во улога на модератор започна со сеопфатна увертира на настанот, после што доц. д-р Сашка Голомеова Лонгурова и доц. д-р Силвана Жежова се претставија со презентација наменета на развојот на модната фирма Missoni – односно како од обична занаетчиска работилница прераснува во модна империја. Направена е детална анализа на личноста, карактерот, идеите и целите на самиот дизајнер – како клучен фактор за успех на оваа фирма. Исто така направена е детална анализа на специфичностите при изборот на материјали, како и анализа на карактеристичниот Missoni-принт (шари и дезени). Во закучок ставен е акцент на иновативноста и оригиналноста на овој бренд кој освен моден прераснува и во светски-призната марка за домашно уредување и верига од елитни хотели. Од друга страна направена е опширна презентација од страна на доц. д-р Марија Ќертакова во времетраење од речиси еден час, во која е вклучен целокупниот креативен процес на дизајнерот, односно анализа на неговите модни колекции во периодот 1953-2021, со што акцентот се стави на модните тенденции кои владееле во секоја од декадите на минатиот и сегашниот век и како истите влијаат при промената на дизајнот на Missoni. Направена е сеопфатна анализа на конкретни детерминирачки модни линии лансирани во италијанската мода и признати за пионери на своето време. Определени се социо-културните и психолошки елементи, како главен двигател при оформување на модните-стилови линии во дизајнот на оваа марка. Во заклучок дадена е детална анализа за личноста на дизајнерот и сите особини кои придонеле да истиот прерасне во светски признат моден дизајнер, кој со право се трансформира и бива признат за една од најемблематичните италијански модни фигури на XX век.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Marija Kertakova
Date Deposited: 18 Oct 2021 05:51
Last Modified: 18 Oct 2021 05:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28528

Actions (login required)

View Item View Item