Еклектични изохипси

Despot, Katerina and Sandeva, Vaska (2021) Еклектични изохипси. [Show/Exhibition]

[thumbnail of Eklekticni izohipsi katalog.pdf] Text
Eklekticni izohipsi katalog.pdf

Download (2MB)

Abstract

Овој концепт го карактеризира чувство за простор ,внатрешен и надворешен,врзан со архитектурата, монументалноста, чувството за детаљи и потреба од естетско и стилско обликување. Склопен е во дводимензионални слики од тродимензионални објекти и простор,видени од птичја песпектива.Техниката е ,,колажирање,, на простор и објекти со цел да се добие дводимензионална слика, која пак вратена во просторот, паралелно му дават карактер и стил и го издигнува погледот на нештата од горе. Со тоа е постигнато истовремено да се има фокус и на деталите и на широката перспектива,остварувајќи го чувството за контрола врз целиот креативен процес.Интересно е што иако во него целиот процес е однапред осмислен т.е.пристапот е концептуален,истовремено има отвореност и импровизација,заради елементарнатаа потреба да се игра.Делата имаат топлина и урбаност,модерност и интимност,му дават карактер и дух на просторот проширувајќи го преку употребата на перспективата која е главна карактеристика на овој концепт. Низ таа апстрактна игра на планови ,перспективи и контексти која е чисто ликовна ,јасно се дофаќа една доминантна емоција ,а тоа е слободата.Слободата да се владее со просторот и да се биде свој. Во оваа серија на слики иако се поаѓа од сосем лични мотиви, сепак на некој начин концептот се доближува до ликовноста на Густав Климт и тоа заради стилската префинетост,апстрактините позадини добиени со колажирање и користењето на златната боја.Тоа само го поврзува со текот на уметничката историја но не му одзема од звтентичноста.Со ова оставен е свој сопствен белег на мапата на една сликарска традиција авторски потпишана.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Katerina Despot
Date Deposited: 31 May 2021 08:54
Last Modified: 31 May 2021 08:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28131

Actions (login required)

View Item View Item