Despot, Katerina and Sandeva, Vaska (2020) Човек и пејзажни принципи. [Show/Exhibition]
Preview |
Text
Katalog Makedonski.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Поставеноста на човекот во светот е многу интересен предизвик за дизајнерот и таа е поделена во две фази односно првата е почетна која трага по непознатото а втората е фаза на будноста, и обидот сето тоа да биде визуелно читливо. Втората фаза во одредена мера е рационална и во суштина се базира на се она што сме се стекнале и заокружиле како пат на движење.
Главниот субјект во дизајнот е човекот и неговата потреба. Дизајнерот има секогаш голем предизвик кога ги анализира луѓето и како тие егзистираат во одреден простор. Од специфичниот агол на прецепција на дизајнерот тој секогаш наоѓа најразлични начини за претставување на човекот односно какво емотивно влијание има одредена фигура врз уметникот и како тој ја интерпретира во еден затворен формат. Каква порака треба да остави дали тоа е лесно читливо за гледачот или остава многу прашања отворени тоа е врска помеѓу делото и гледачот.
Првата задача на дизајнерот е да ги усогласи чувствата и удобноста. Дизајнот не е претстава него симфонисоко моделирање на визуелна сензација.Тој тоналитет е поврзан со состојбата во која се наоѓаат авторите во моментот на творечкиот процес. Сликата е површина која ја одржува нај тајната варијација на мислите и чувствата во моментот на создавање. Конструкцијата на нејзиниот простор – односно архитектонското истражување вертикала и хоризонтала тука е само да ја смири играта на фигурата и позадината кои го преплавуваат форматот. Станува збор за колажи односно делови од фигури,текстури и материјали. Специфичниот израз на линијата ја соединува стручноста и уметничкиот израз.Koнцептуална црвена линија врска каде човекот, столот и околината се сериозно поврзани, односно целина СЕ. Слободно изразена музика од која сите сетила живеат а предходни услови...Движењето на црвената линија како израз на положба за слободно создавање на музикa.
Уметникот и дизајнерот се поосетливи од повеќето други луѓе и се што допре до нивниот ум и дух разбудува многу суптилни вибрации кои за разлика од останатите луѓе кои ги занемаруваат и им дозволуваат да одат. Човекот и просторот во делото е отвор на еден ограничен простор во длабочините на бесконечното. Дизајнерот мора да знае да ја отвори таа врата.
Предуслови, животна средина и удобна положба на седење. Комплексност, фрагменти од експресија.
Облагородување на просторот со три изразени планови во затворениот формат.
Прв план фигуралност, втор план функција и трет план екологија.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Katerina Despot |
Date Deposited: | 31 Jan 2021 18:49 |
Last Modified: | 31 Jan 2021 18:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27374 |
Actions (login required)
View Item |