Реконфигурација - самостојна изложба

Miloseski, Slobodan (2025) Реконфигурација - самостојна изложба. [Show/Exhibition]

[thumbnail of Реконфигурација - каталог] Text (Реконфигурација - каталог)
Реконфигурација-каталог.pdf

Download (3MB)
[thumbnail of Фотографии од отворањето на изложбата] Image (Фотографии од отворањето на изложбата)
Отворање на изложба - Гевгелија.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во рамките на „Гевгелија град на култура“ на 25 септември 2025 год. беше отворена изложба на скулптури од вонр. проф. д-р Слободан Милошески, насловена „Реконфигурација“. Во оранизација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“-Гевгелија и во соработка со НУ Музеј- Гевгелија, изложбата беше поставена во Уметничката галерија „Амам“. Станува збор за дела, изведени во инокс со мазна полирана површина и флуидни облици, го предизвикуваат вниманието на гледачот преку својата визуелна атрактивност и минималистичкиот концепт што доминира во поновата фаза на авторот.
„Реконфигурација“ е изложбена поставка на скулптури на авторот Слободан Милошески, која ја истражува врската помеѓу формата, светлината и човечката перцепција. Скулптурите се составени од огледални фрагменти кои ја прекршуваат светлината на уникатен начин, создавајќи динамичен и постојано променлив приказ. Така, секој фрагмент одразува различен аспект од идентитетот на гледачот, при што делото станува огледало на личноста и симбол на саморефлексија. Овој принцип овозможува повеќеслојно искуство- од визуелни оптички ефекти до активирање на меморијата, времето и сложеноста на човечкиот ум. Распоредот на елементите во скулптурата е внимателно дизајниран, постигнувајќи хармоничен баланс помеѓу просторот и формата. Композицијата го повикува набљудувачот да се движи околу делото, при што се создава постојан дијалог меѓу уметничкото дело и гледачот.
На оваа изложба беа претставени 12 скулпторски дела од поновата продукција на авторот.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Humanities > History and archaeology
Divisions: Art Academy
Depositing User: Slobodan Miloseski
Date Deposited: 20 Nov 2025 12:17
Last Modified: 20 Nov 2025 12:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36851

Actions (login required)

View Item
View Item