Islam, Aida and Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2013) Модификации во исламската мистична духовна музика во Република Македонија во услови на глобалните музички текови. In: Трета Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, 10-13 May 2013, Скопје. (Unpublished)
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_stefanija.zelenkovsk_Desktop_Verska Konferencija001.pdf Download (667kB) | Preview |
Slideshow
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_stefanija.zelenkovsk_Desktop_treta verska.pptx Download (73kB) |
|
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_stefanija.zelenkovsk_Desktop_Treta verska konferencija-mak.docx Download (32kB) |
Abstract
Дервишкиот ред Садии во Скопје делува од крајот на XX век. Основоположникот на текето е шејх Вефа Баба кој доаѓа од Турција, а го наследува шејхот Мехмет Али. Денес овој дервишки ред го водат припадниците на ромската заедница. Вокаланата музика како неизоставен дел од обредите (зикрите), претставува многу важен сегмент кај Садиите и традиционално се практикува во придружба на ударните инструменти и преку интегрирање на новите изразни средства како електрични инструменти, технички помагала, носачи на звук итн. Од видео материјалите и од податоците добиени при разговорите со претставниците на Садиите се констатира дека настанатите модификации во музичкото изразување при обредите се во функција на задржувањето на интересот кон оваа духовна форма. Затоа, во овој текст се осврнуваме на состојбата во музичкото изразување кај Садиите денес, кое го опсервираме од неколку аспекти: употреба на музички инструменти, репертоар и музички форми, структура на изведувачи, интерпретација и јазична изведба. Застапеноста и видот на музичките инструменти се менува во зависност од моменталниот изведувачки потенцијал. За време на празничните обреди (Бајрам, Ашуре и раѓањето на пророкот Мухамед с.а.в.с.) најчесто се употребуваат: синтесајзер, кларинет, саз, деф, кудум, чинели и тапан. Репертоарот се состои од одреден број на илахии, касиди и газели кои се изведуваат на турски, арапски но последниве години и на ромски јазик. Музичката изведба е програмски осмислена и се состои од респонзоријален начин (солисти - хор) и групна изведба. Кај некои музички форми интерпретацијата е двогласна и се постигнува со држење на бордунскиот глас
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Stefanija Leskova Zelenkovska |
Date Deposited: | 20 Mar 2014 13:49 |
Last Modified: | 20 Mar 2014 13:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9547 |
Actions (login required)
View Item |