Етнокореолошки карактеристики на македонските народни ора (по избрани примери)

Janevski, Vladimir (2013) Етнокореолошки карактеристики на македонските народни ора (по избрани примери). Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје. ISBN 978-9989-642-1

[thumbnail of Kniga Етнокореолошки карактеристики преломена.pdf]
Preview
Text
Kniga Етнокореолошки карактеристики преломена.pdf

Download (7MB) | Preview

Abstract

Предмет на истражување и анализа во темата се народните ора како сегмент од духовната култура на македонскиот народ. Низ времето и просторот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата спроведени врз основа на неколку типа ора кои сè уште се сретнуваат на теренот или, пак, се запишани, односно обработени од македонски или странски автори кои се занимавале со истражувања од оваа проблематика. Не ретко во дисциплините се јавува потребата да се направат определени дистинкции и разјаснувања поврзани со тоа, што е предмет на нивното проучување. Така, во проучувањата на игрите во Македонија, но и во поранешната југословенска држава, во употреба беше терминот етнокореологија. Сепак, треба да се нагласи дека и етнологијата и антропологијата во голем дел од своите истражувања ги вклучуваат и елементите на народното музичко творештво што, секако, има своја оправданост преку постоењето на голем број одделенија кои постојат токму во рамките на етнолошките, односно антрополошките институти.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Vladimir Janevski
Date Deposited: 18 Mar 2014 13:37
Last Modified: 18 Mar 2014 13:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9330

Actions (login required)

View Item View Item