Jovanov, Tamara (2013) Пазарна ориентација, маркетинг стратегија и план – основни бизнис чекори за успешно конкурентско позиционирање на малите и средни претпријатија на пазарот – со посебен осврт на индустријата и пазарот на кондиторски производи во Р. Македонија. PhD thesis, Ss. Cyril and Methodius University, Faculty of Economics, Skopje.
Text
DOKTORSKI TRUD - abstract and thesis.docx - Published Version Download (152kB) |
Abstract
Докторскиот труд е разработен врз основа на две клучни цели: 1. Утврдување и докажување на големото влијание на малите и средни претпријатија (МСП) врз економскиот раст на национално и на светско ниво и 2. Докажување на позитивниот ефект од примената на современиот маркетинг концепт врз конкурентноста на МСП. Значењето на МСП беше анализирано и опишано врз база на клучни економски индикатори, опишување и утврдување на нивните клучни карактеристики и факторите кои влијаат за нивниот успех/неупех и мерките за државна поддршка на МСП во Република Македонија и Европската унија. Ефектите од примената на современиот маркетинг концепт беа опишани и анализирани преку три области – пазарна ориентација, маркетинг стратегија и маркетинг планирање. Податоците беа добиени од примарни и секундарни извори, а анализата беше спроведена со помош на софтверот IBM SPSS19. Истражувањето ги даде следниве резултати: 1. Значењето на МСП за националната економија е големо, но воочени се значајни недостатоци во мерките за нивна државна поддршка; 2. Пазарната ориентација на домашните претпријатија, а особено на микро и малите е на ниско ниво, а од друга страна степенот на пазарна ориентација има директно позитивно влијание врз профитабилноста и големината на пазарниот удел; 3. Постојат значајни недостатоци во тековните маркетинг активности на домашните претпријатија, особено кај микро и малите претпријатија; 4. Формалното маркетинг планирање кое резултира во континуирана подготовка на пишан маркетинг план е директно поврзано и влијае врз профитабилноста на претпријатието. Резултатите од трудот се корисни за подобрување на тековните практики на постојните домашни претпријатија од областа на маркетингот, како и за потенцијалните домашни и странски претприемачи кои сакаат да влезат во оваа дејност.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 22 Jan 2014 15:32 |
Last Modified: | 16 Aug 2018 07:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8764 |
Actions (login required)
View Item |