Предизвиците на глобалната музичка култура во 21 век

Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2013) Предизвиците на глобалната музичка култура во 21 век. Годишен зборник на трудови на Факултет за музичка уметност, 3 (1). pp. 1-7. ISSN 1857- 8659

[thumbnail of 1.Предизвиците на глобалната музичка култура во 21 век.pdf]
Preview
Text
1.Предизвиците на глобалната музичка култура во 21 век.pdf

Download (357kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се осврнуваме на состојбите во глобалната музичка култура карактеристични за првите децении од новиот милениум. Всушност преку аспектирањето на “новите“ музички тенденции, ќе се направи скица на музичките детерминанти значајни за изгледот на современото културното и музичко опкружување.Процесот на глобализацијата започнат со “масовната“ култура и продолжен со “светското село“ е најзначајната карактеристика на хомогенизација на културата врз огромни географски простори во текот наа целиот 20.век. За првпат во историјата на човечките цивилизации се нудат и се прифаќаат идентични културни т.е. музички производи и услуги, често неспојливо оддалечени од локалните традиции. Во овој процес на ширењето на глобализацијата најбитниот момент е количеството на размената на музичките информации (Taylor 2001:119).Сепак, дискусиите за глобализацијата најмногу се насочени кон движењето на капиталот и стоката. Циркулацијата на луѓето (проширените миграции, имиграции) или се игнорира или се третира амбивалентно. Глобализацијата, во денешната смисла на зборот, не може да се сфати без дигиталната технологија која ги забрза движењата на информациите на сите нивои, поради што оваа ера се етикетира како глобално-информативна или Интернет-ера што истото е апликативно и во музичката култура (Castells 2000:31).
Со сиот респект спрема културните достигнување, сепак најраспространетото разбирање на поимот глобализацијата е преку светското проширување на американскиот стил на масовната и/или културата на консументот. Па така кај нас во текот на 20.век музичката култура од доминантно ориентална, целосно се вестернизира, посебно евидентно во подрачјето на професионалните музички ансамбли и творештвото на современите композитори, како и образовните музички институции

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Stefanija Leskova Zelenkovska
Date Deposited: 19 Feb 2014 11:27
Last Modified: 19 Feb 2014 11:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8638

Actions (login required)

View Item View Item