Nacev, Trajce (2013) Антиката во Брегалничкиот басен. НУЗЗКН и Музеј, Штип.
Preview |
Text
antika-2.pdf Download (178kB) | Preview |
Preview |
Text
Final considerations.pdf Download (514kB) | Preview |
Abstract
Археологијата на античкиот период во Брегалничкиот басен, е тема која заслужува
да биде уште многупати обработувана во научни трудови и сметам дека мојот труд
воедно е вовед во едни поопсежни истражувања разделувајќи ги историските периоди.
За изборот на темата, влијаеја повеќе фактори, археолошките истражувања во
Малешевијата, Пијанец, потоа, на локалитети кои влегуваат во територијата на Штип и
Свети Николе. Карактерот на моето работно место (конзерватор), вршење на увиди на
места каде е извршено диво копање, постојаната археолошка проспекција, која особено
беше интензивирана во периодот од 2001 до 2009 година, но пред сé одлучувачки беше
мојата дваеесетгодишна работа на локалитетот Баргала и неговата културна, економска и
црковна врска со останите делови од Брегалничкиот басен,
Иако овде се работи за регионална тема, која на прв поглед зафаќа една глобална
археолошка проблематика изразена преку генезата на населбинската протоисториска
градина до доцноантичката и рановизантиската населбинска форма и категорија,
материјалот кој е обработен навлегува длабоко во порите на просторот на централниот
Балкан.
Брегалничкиот басен започнува со изворот на реката Брегалница, односно ја
зафаќа територијата околу Берово, Каменица, Виница, Кочани, Штип, Овче Поле сé до
вливот на реката Брегалница во Вардар кај Уланци. Во праисторијата и антиката, како
значаен простор на Балканот се патните комуникации како основа во интензивирање и
градење населби околу нив кои обезбедувале егзистенција и сигурност на локалното
население. Некои прераснале во развиени занаетчиски, културни и трговски центри
(Градиште село Град - Делчево, Калата-Каменица, Кале-Виница, Баргала село Горни
Козјак-Штип и Градиште Црешка-Штип).
Истраженоста на населбите и патните комуникации со сите нивни содржини во
Брегалничкиот басен е многу мал, така што, освен Градиште село Град-Делчево, Кале-
Виница, Баргала село Горни Козјак, ќе биде презентирано и заштитното археолошко
истражување на над дваесет археолошки локалитети кои беа загрозени со изградбата на
повеќенаменскиот хидросистем Злетовица и некои мали истражувања на одделни
локалитети. Останатите археолошки локалитети, кои се обработени во мојата
дисертација, имаат импозантен број кој достигнува преку триста, кои ќе бидат
презентирани преку археолошки проспекции. Целиот овој труд е прв интегрален
истражувачки материјал за Брегалничкиот басен и ќе биде основа за понатамошно
истражување на овој регион.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 30 Dec 2013 13:28 |
Last Modified: | 30 Dec 2013 13:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8606 |
Actions (login required)
View Item |