Risteski, Sanja (2010) Современите достигнувања во дизајнот на заштитната војничка облека со посебен осврт на заштитниот воен елек. Masters thesis, ЕУРМ Европски Универзитет - Скопје, Македонија.
Text
Современите достигнувања во дизајнот на заштитната војничка облека со посебен осврт на заштитниот воен елек.docx Download (69kB) |
Abstract
Создавањето на современ дизајн на заштитен елек кој во целост би ги задоволил барањата на војникот е долготраен процес кој се базира на истражувања насочени кон испитување на зачетоците и првите форми на заштитна облека, употребуваните материјали и дезени, форма и изглед, нивната промена низ вековите стигнувајќи до современиот дизајн на заштитен елек. Токму таа генеза на заштитната облека низ вековите преку промената на материјалите за изработка, дезените и формата на заштитниот костим почнувајќи од античките народи па се до современиот свет е многу значајна во процесот на креирање на заштитна облека која би ги задоволила потребите на војската во 21- иот век.
Со напредокот на технологијата во насока на осовременување на оружјето, се појавува и потребата за зголемена заштита на војничката облека. Трендовите кои со себе ги донесе новиот милениум говорат за се поголема примена на дизајнот во заштитната облека. Искуствата покажуваат дека војничката облека треба да биде спој на дизајн и функционалност, а моите истражувањата насочени кон откривање на поврзаноста помеѓу технологијата и уметноста, точката во која тие се соединуваат и стануваат едно, резултираа со дизајнерско решение кое во целост ги исполни барањата на современата војска.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sanja Spasova |
Date Deposited: | 22 Oct 2013 19:25 |
Last Modified: | 29 Mar 2018 11:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7689 |
Actions (login required)
View Item |