Анализа на динамиката и вибрациите кај моторите со внатрешно согорување

Nikolov, Elenior and Korunoski, Dame and Angusev, Koco (2009) Анализа на динамиката и вибрациите кај моторите со внатрешно согорување. Proceedings of Abstracts from 9th Scientific Conference, ETAI-2009, ISBN 978-9989-2175-4-8. pp. 147-148.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.kosturanova_Desktop_Elenior Nikolov - Trudovi za UGD Repozitorium_T-14 I17 Analiza na dinamikata i vibraciite kaj motorite SVS -Etai2009.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.kosturanova_Desktop_Elenior Nikolov - Trudovi za UGD Repozitorium_T-14 I17 Analiza na dinamikata i vibraciite kaj motorite SVS -Etai2009.pdf

Download (697kB) | Preview

Abstract

Предмет на овој труд е истражување на динамичкото однесување на моторите
со внатрешно согорување. Фокусот во трудот е
позициониран особено на дизел моторите кои
при работата претставуваат голем извор на
вибрации и бучава, поради што можат да делуваат многу неповолно на околината.
Овој труд дава ефикасен механизам за анализа
и димензионирање на потпорниот систем кај
моторите со внатрешно согорување. Постапката која е развиена ја дефинира методологијата
за динамичка анализа и оптимирање на виброизолацијата, вибрациите што се појавуваат
поради еластичните потпори и определување
на нивното влијание врз моторите со внатрешно согорување.
Анализата е направена употребувајќи начин на
моделирање со одредување на крутоста тргнувајќи од теоријата на вибрационите
континууми и линеарната теорија на
еластичност. Методот на вибрациони
континууми дава можност за најреално
теоретско определување на крутоста на елементите кои се земени за еластични во динамичкиот модел.
Математичко-симулацискиот модел за дадениот динамички модел во овој труд е реализиран
со софтверските пакети МАТЛАБ односно
СИМУЛИНК. Веродостојноста на симулациските резултати е верификувана со помош на
изведени експериментални мерења на одзивот
на реален систем на статичен моторен агрегат
за производство на електрична енергија за потребите на армијата.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Мотор со внатрешно согорување, круто тело, виброизолација, вибрации, EXCEL База на податоци.
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Military Academy
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 17 Jun 2013 09:38
Last Modified: 17 Jun 2013 09:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6629

Actions (login required)

View Item View Item