Koleva Gudeva, Liljana (2006) Андрогенеза и органогенеза на пиперка (Capsicum annuum L.) сорти Куртовска капија и Златен медал - Авторезиме на докторска дисертација. PhD thesis, Ss Ciryl and Methodius University, Skopje.
Preview |
Text (Ph.D Thesis)
Avtorezime na doktorska disertacija_LKG_2004.pdf - Accepted Version Download (1MB) | Preview |
Abstract
Микропропагацијата на градинарски растенија со методот култура на растителни клетки и ткива во услови in vitro, има широка примена во создавањето на висококвалитетни сорти и хибриди, создавање на сорти отпорни на разни заболувања, креирање на хаплоиди како и стабилизација и подобрување на генетската структура на видовите. Новите и модерни биотехнолошки методи и техниките на биоинжинерингот дозволуваат подобрување, создавање, и селекција на сорти кои со традиционалниот начин на одгледување не може да се добијат.
Видовите на Capsicum annuum L. се најраспространети, најбројни и најразновидни по форма, боја и лутина во целиот растителнен свет. Поради богатата содржина на секундарни метаболити, особено капсаицин, привлекуваат големо внимание во научноистражувачката работа.
Цел на истражувањата во оваа докторска дисертација беше да се испита органогентскиот потенцијал, способноста за андрогенеза и формирање на хаплоидни ембриоиди, како и продукцијата на капсаицин во култури in vitro на пиперка (Capsicum annuum L.).
Изведена е успешна регенерација на сортите куртовска капија и златен медал од апикални пупки во услови in vitro, а испитан е и регенеративниот потенцијал на сегменти од котиледони на овие две сорти пиперка.Истражувањата за андрогенетскиот потенцијал изведени се на пет различни медиуми со три различни инкубациони третмани, при што испитувана е способноста за формирање на хаплоидни ембриоиди и калусогенеза на антерите од пиперка. Од вкупно девет различни по лутина сорти на пиперка, хаплоидни ембриоиди добиени се од пет сорти.
Содржината на капсаицин одредена е во in vivo плодови на девет различни по лутина сорти пиперка и во култури на изданоци, калуси и котиледони на сортите куртовска капија и златен медал во услови in vitro. Констатирано е дека капсаицин се синтетизира во услови in vitro, а испитуван е и ефектот на повеЌе растителни регулатори на раст врз продукцијата на овој значаен алкалоид.
Андрогентскиот потенцијал на пиперката, во Република Македонија, воопшто не е истражуван, а добиените регенеранти се првите хаплоиди од пиперка во државата, создадени во услови in vitro. Овие резултати и методи ќе послужат како патоказ за примената на андрогенезата за добивање хаплоиден генофонд на многу различни растителни видови.
Резултатите за содржината на капсаицинот во култури in vitro на пиперка се, исто така, први податоци кај нас за продукцијата на овој значаен алкалоид. Тоа ќе има огромен придонес за понатамошната експлоатација, апликација и примена на капсаицинот во медицината, фармацијата, биотехнологијата, растителната биохемија и физиологија како и во земјоделството.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Liljana Koleva Gudeva |
Date Deposited: | 28 May 2013 08:10 |
Last Modified: | 24 Feb 2014 09:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6393 |
Actions (login required)
View Item |