Zelenkovska Leshkova, Stefanija and Islam, Aida (2013) Модели за музичко едуцирање во трето доба – изучување музички инструменти. In: Vospitanieto i obrazovanieto megu tradicionalnoto i sovremenoto. Institut za pedagogija/UKIM-Skopje. ISBN 978-608-238-012-4
Preview |
Text
pedagogija-treto doba.pdf Download (265kB) | Preview |
Preview |
Text
TOM 2.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Еден сегмент од перманентното образование претставува
учењето во трето доба кое во последниве децении е актуелна практика
и се применува во развиените земји. Од областите кои се податливи
за изучување е и музиката која се реализира преку базичните форми на
музичкото изразување: свирење музички инструменти и пеење. Поради
придобивките од овој вид едукација во некои земји се воведени посебни оддели
во рамките на високообразовните музички како и педагошки институции.
Во последниве години перманентното образование како дел од постулатите
на Болоњската декларација, станува сè поактуелна тема во образовниот
систем во Р. Македонија. Целта на нашиот текст е да го поттикнеме
интересот за отпочнување на една ваква активност преку претставување
модели за музичко едуцирање во трето доба, конкретно за изучување
музички инструменти со клавиши. Предвидените модели се состојат од
три едукативни нивоа во зависност од степенот на музичкото предзнаење:
базичен, среден и напреден. Изучувањето би се одвивало преку индивидуална
настава во групи од пет до седум студенти. За секоја група во почетокот на
едукацијата, се предвидува различен репертоар, но можноста за ансамблово
музицирање на сите групи подразбира подготовка на заедничка програма за
јавен настап. Едукативната содржина на моделите вклучува и транксрипции
на популарни оркестарски дела во кои со комбинирање на различните
регистри на инструментите би се постигнала впечатлива изведба. Со
тоа ќе се стимулира самодовербата и колективната одговорност во чинот
на музичкото изразување, бидејќи се многу важни психолошки чинители за
конзистентно и доследно спроведување на целокупната програма. Оттука,
овие модели имаат повеќекратно значење како за поединецот, така и за општеството преку: конструктивно исполнување на слободното време,подобрување на психофизичките способности на целната група, зголемувањена музички едуцирана публика,.
Клучни зборови: трето доба, музичко едуцирање,
изучува ње музички инструменти, свирење клавишни
инструменти
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Stefanija Leskova Zelenkovska |
Date Deposited: | 08 Mar 2013 11:22 |
Last Modified: | 11 Mar 2013 14:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5768 |
Actions (login required)
View Item |