Фитоестрогени при менопауза, проценка на нивната ефикасност и безбедност

Maksimova, Viktorija (2011) Фитоестрогени при менопауза, проценка на нивната ефикасност и безбедност. Medicus, informativen glasnik na javnoto zdravstvo - Stip, 6 (12). pp. 28-29. ISSN 1857-5994

[thumbnail of DOC000-1.pdf]
Preview
Text
DOC000-1.pdf - Published Version

Download (316kB) | Preview
[thumbnail of DOC-4.pdf]
Preview
Text
DOC-4.pdf

Download (442kB) | Preview
[thumbnail of Fitoestrogeni kako zamena za estrogenskata terapija.pdf]
Preview
Text
Fitoestrogeni kako zamena za estrogenskata terapija.pdf

Download (234kB) | Preview

Abstract

Изофлавоните кои се среќаваат во одредени ботанички видови се органски хемиски компоненти наречени фитоестрогени или естрогени изолирани од растенија. Тие имаат слична хемиска структура со естрогените кои физиолошки се ослободуваат во телото на жената, но нивното дејство како естрогени е проценето како многу послабо во споредба со вистинските естрогени. Земајќи ги во предвид несаканите ефекти добиени при долготрајна студија кај женска популација која ја примала вообичаената терапија од естроген и прогестерон, како што се зголемен ризик од срцеви болести, срцев удар и рак на дојка, се јавува потребата од хербални препарати за ублажување на менопаузалните симптоми.
Целта на оваа студија е да се видат придобивките од користење на хербални препарати кои содржат фитоестрогени наместо класичната хормонска терапија. Хербалните препарати кои се најпопуларно користени во Европа и САД најчесто содржат екстракти од ризомот од Cimicifuga racemosa L., соја (Glycine max L.), црвената детелина (Trifolium pretense L. ), жен шен (Angelica sinensis L.) и ноќничето (Oenothera biensis L.). Неколкуте долготрајни студии кои се земени во предвид покажуваат дека овие препарти имаат способност да ги намалат климактеричните симптоми, но не кај сите пациенти. Дел од овие студии покажале дека понекогаш овие препарати не покажуваат значителен ефект во намалувањето на симптомите, но од друга страна пак и немале несакани ефекти. Поради тоа што во студиите се уште се добиваат контрадикторни резултати во врска со ефикасноста и безбедноста од употребата на овие фитоестрогенски препарати, може да се заклучи дека тие имаат голем потенцијал во терапија на менопаузалните симптоми, но потребни се уште многу истражувања на оваа тема за да се одредат правилните комбинации на овие препарати и нивните точни дозирања.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: estrogeni, herbalni preparati, menopauza
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 20 Feb 2013 12:23
Last Modified: 20 Feb 2013 12:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5334

Actions (login required)

View Item View Item