Mirakovski, Dejan and Zendelska, Afrodita and Lepitkova, Sonja and Nakov, Dimitar and Mihajlov, Ljupco and Nestorovski, Ljupco and Nikolov, Nikola and Hadzi-Nikolova, Marija and Mihailovska, Ana (2026) Поддршка за развојот на Првиот двегодишен извештај за транспарентност на Северна Македонија и комбинираниот Втор двегодишен извештај за транспарентност и Петтиот национален извештај за климатските промени за секторот земјоделство, шумарство и промени во користењето на земјиштето (AFOLU). [Project]
Прв двогодишен извештај за транспарентност 2020-2022 (BTR1).pdf
Download (559kB)
Национален инвентар на стакленички гасови 2020-2022 (NID).pdf
Download (466kB)
Ублажување на климатските промени.pdf
Download (407kB)
Abstract
Првиот двогодишен извештај за транспарентност (BTR1) на Република Северна Македонија претставува клучен чекор во исполнување на обврските преземени со Парискиот договор и воспоставената Рамка за подобрена транспарентност (Enhanced Transparency Framework – ETF). Овој извештај обезбедува сеопфатен и конзистентен преглед на националниот инвентар на емисии на стакленички гасови, напредокот во спроведувањето на национално утврдениот придонес (НУП), политиките и мерките за ублажување, како и релевантните информации за адаптација, финансиска поддршка, трансфер на технологии и градење на капацитети.
Извештајот е подготвен во согласност со модалитетите, процедурите и упатствата (MPGs) на UNFCCC, со примена на најновите методолошки пристапи на IPCC и со обезбедување на високо ниво на транспарентност, споредливост и конзистентност на податоците. Во неговата подготовка беа интегрирани резултатите од националните стратешки документи, вклучително Националниот инвентар за стакленички гасови 2020-2022, Анализите за ублажување на климатските промени, Ревидираните национално утврдени придонеси, Националниот план за енергија и клима и други документи изработени во рамките на проектот за подготовка на BTR1.
Подготовката на BTR1 се одвиваше во период на динамични енергетски и економски предизвици, при што посебно внимание беше посветено на усогласување на климатските цели со потребите за енергетска сигурност и одржлив економски развој. Овој извештај ја потврдува посветеноста на Република Северна Македонија кон транспарентно, одговорно и континуирано известување, како и кон активен придонес во глобалните напори за справување со климатските промени.
| Item Type: | Project |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Animal and dairy science Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries Engineering and Technology > Environmental engineering |
| Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
| Depositing User: | Afrodita Zendelska |
| Date Deposited: | 17 Sep 2026 07:30 |
| Last Modified: | 17 Sep 2026 07:30 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39050 |
