Tригодишен национален проект за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта на Република Северна Макeдонија

Serafimovska, Hristina (2022) Tригодишен национален проект за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта на Република Северна Макeдонија. [Project]

[thumbnail of АГЕНДA.pdf] Text
АГЕНДA.pdf - Other

Download (314kB)

Abstract

Во периодот 2022–2024 година, во рамките на тригодишен национален проект за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во Република Северна Македонија, организиран од Бирото за развој на образованието, во соработка со акредитираната установа за спроведување обуки за наставници Академија ЦЕС – Скопје, беа реализирани обуки насочени кон унапредување на професионалните компетенции на наставниците.

Основната цел на обуките беше оспособување на наставниците за примена на современи пристапи на активна настава и развивање претприемничко образование, преку примена на иновативни и интерактивни методи, создавање позитивна и поттикнувачка средина за учење и развивање култура на професионална соработка. Посебен акцент беше ставен на активната улога на ученикот во наставниот процес, поттикнувањето иницијативност, креативност, критичко размислување, решавање проблеми, соработка и други компетенции значајни за развојот на претприемничкиот начин на размислување.

Во својство на учесник и обучувач, доц. д-р Христина Серафимовска беше вклучена во реализацијата на три акредитирани програми за професионално усовршување:

П12 – „Примена на иновативни интерактивни пристапи во наставата“, насочена кон примена на современи методи и техники кои овозможуваат поголема интерактивност, активно учество на учениците и унапредување на квалитетот на наставниот процес;
П24 – „Стратегии за менаџмент во училница – принципи и примери на добра практика за создавање позитивна работна атмосфера во училница и во онлајн/виртуална училница“, насочена кон развивање компетенции за ефективно управување со наставниот процес и создавање позитивна и мотивирачка средина за учење;
П29 – „Професионална соработка на наставниците (стручни активи, заедници за учење, менторство и сл.)“, насочена кон јакнење на професионалната соработка, размената на искуства и добри практики, менторството и континуираното професионално учење на наставниците.

Преку реализацијата на овие програми се придонесе кон јакнење на капацитетите на воспитно-образовниот кадар за современа, активна и ученички ориентирана настава, како и кон интегрирање на елементи на претприемничкото образование во наставниот процес. Обуките истовремено придонесоа за развивање на професионалните компетенции на наставниците, нивната подготвеност за примена на иновативни наставни практики и зајакнување на професионалната соработка во образовните институции.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Hristina Serafimovska
Date Deposited: 13 Aug 2026 10:01
Last Modified: 13 Aug 2026 10:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38809

Actions (login required)

View Item
View Item