Krsteska, Roza (2021) Процена на симптомите на доцна депресија со примена на скалата за процена на општата здравствена состојба (the COOP charts for adult primary care practice). Medical Journal MEDICUS, 26 (2). pp. 186-193. ISSN 1409-6366 UDC 61
medicus-gusht-2021-pages-extracted.pdf
Download (243kB)
Abstract
Вовед: Лекарите во ПЗЗ често се под притисок да покријат повеќе теми во нивното временски ограничено интервју. Се повеќе се покажува потреба за скрининг и рано детектирање на промени на здравјето кај пациентите и навремено испраќање до соодветни специјалистички служби.
Целта на трудот е да се провери валидноста на COOP скалата како скрининг инструмент за депресија кај лица во постара животна возраст.
Материјал и методи: Во студијата ја применивме COOP скалата за процена на општата здравствена состојба кај 60 лица со над 60 години со депресивно растројство според МКБ 10 и критериуми на ГСД, споредено со контролна група од 60 испитаници со над 60 годишна возраст со отсуство на депресивно растројство.
COOP скалата е самооценувачки инструмент, потребни се 5-10 минути и може да се пополни во чекалната на матичниот лекар. Содржи 9 едноставни цртани илустрации пријатни за луѓето, со опис и бодирање според Ликерт скалата. Скор на секој графикон од 4/5 покажува високо оштетување на функционирањето.
Резултатите покажаа висока статистички сигнификантна разлика помеѓу групата со депресивно растројство и контролната група во однос на сите 9 домени: Квалитетот на живот; Физичка кондиција; Чувствителност;Дневни активности; Друштвени активности; Присуство на болка; Промени на здравјето; Оцена на севкупното здравје; Друштвена подршка. Заклучок: Со примената на скалата се покажа дека скалата е валидна за скрининг и дијагноза на депресивно растројство кај постарата популација, а од друга страна може да укаже на постоење
на фактори на ризик за развој на доцна депресија.
Клучни зборови: примарна здравствена заштита, COOP, доцна депресија
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Roza Krsteska |
| Date Deposited: | 08 Apr 2026 08:19 |
| Last Modified: | 08 Apr 2026 08:19 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38250 |
