Кредитна функција на банките-карактеристики, процеси и организација

Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2006) Кредитна функција на банките-карактеристики, процеси и организација. Masters thesis, Економски институт, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_olivera.trajkovska_Desktop_Магистерски труд.docx] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_olivera.trajkovska_Desktop_Магистерски труд.docx

Download (24kB)

Abstract

Идејата за проучување на кредитната функција на банките, како основни институции на финансискиот систем на една земја, произлегува можеби од мојата желба да бидам дел од менаџерскиот тим на една современа банка.
Тргнувајќи од фактот дека живееме во една земја која е во економски, политички и општествен развој, свесни сме дека треба да учиме и работиме многу, за да можеме да создадеме држава која ги има сите карактеристики на современа пазарна економија.
Финансискиот систем е еден од најважните потсистеми на економскиот систем на земјата, од чиј развој директно зависи степенот на развојот на националната економија и благосостојбата на нејзините граѓани. Промените во банкарската индустрија се секојдневни и турбулентни, а конкуренцијата во понудата на финансиските производи и услуги е сè поголема.
Во текот на изминатата деценија, банкарскиот сектор, секаде во светот се карактеризираше со изразена детероризација на нивните биланси, како резултат на нискиот квалитет на средствата со кои располагаат и намалената профитабилност. Намалувањето на каматните маржи на банките, големото учество на лошите пласмани во нивното кредитно портфолио и незапирливите технолошки промени, ги присилуваат банките на многу поголема контрола на нивните трошоци на работење, на подобрување на сите аспекти на вршење на нивната кредитна функција, како основен извор на приход во нивното работење.
Посебно во земјите во развој, банките се соочуваат со голем предизвик во управувањето со кредитниот ризик, кој е основа за многу институционални кризи и пропаѓања на банките. Отсуството на кредитна политика, недефинираните лимити во портфолио концентрацијата на кредитните пласмани, ексцесивната централизација на кредитниот авторитет, сиромашните индиструски анализи, преголемото потпирање врз колатералот, некомплетните кредитни процени и фајлови, се само дел од низата проблеми со кои се соочуваат банките во земјите во развој, па и во нашата.
Целта на овој труд е да се проучи кредитната функција на банките, преку нејзините основни карактеристики, кредитни процеси и организација на кредитниот оддел. Со тоа можеби ќе им се даде насока на нивните менаџери, на оние кои ја креираат банкарската политика, уште еднаш да го разберат значењето на стратешкото планирање во банките и формирање на адекватно кредитно портфолио на заеми. На вработените во кредитниот оддел на банките или на студентите кои се заинтересирани за кредитниот бизнис, трудов може да им послужи да научат како работат ефикасните кредитни департмани, со цел да бидат што поефикасен финансиски сервис на своите клиенти.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 17 Dec 2012 12:58
Last Modified: 17 Dec 2012 12:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3824

Actions (login required)

View Item View Item