Todevska, Daniela (2025) Градинарство во заштитен простор. Универзитет ,,Гоце Делчев". ISBN 978 608 277137 3
Full text not available from this repository.Abstract
Производството во заштитени простори претставува значен предизвик за земјоделските производители во Република Северна Македонија, особено за производителите на зеленчук. Актуелизирањето на овој начин на производство и негоото континуираното усовршување има големо значење во процесот на намалување на влијанието на климатските промени и глобалното затоплување, како едни од најголемите закани при производството на храна. Усовршувањето на паметните технологии, реонирањето на производството, согласно климатските карактеристики на регионите во нашава земја, механизирање на производните процеси со цел намалување на ангажирање на работна сила и трошоците на производство, подобрување на технологиите на производство, избор на сорти и хибриди што се рентабилни, може да резултира со квалитетно производтво и високи приноси.
Учебникот Градинарство во заштитен простор, има за цел да даде воведни познавања за значењето на производството во заштитени простори, познавањето на видовите на заштитени простори и избор соглесно културите што планираме да ги одгледуваме, условите за подигнување на заштитени простори (надморска височина, брзина на ветер, ниво на подземни води, патна инфраструктура и друго), микроклиматските услови во заштитените простори, нивна контрола и технологии за подобрување. Учебникот обработува и морфолошки и физиолошки карактеристики на повеќе значајни зеленчуци кои се одгледуваат во заштитени простор, нивните квалитетните карактеристики и влијанието врз здравјето на човекот, технологијата на производство, организацијата на работните процеси, барањата на пазарот, целта на производството, бербата и приносот.
При пишувањето на книгата, користена е домашна и странска литература, резултати од истражувања од домашни и странски автори, како и сопствено искуство од оваа област.
Учебникот е наменет за студентите од студиска програма Градинарство, а дел од поглавјата од учебникот се изучуваат и во студиските програми Полjеделство, Фитомедицина и Растителна биотехнологија, како и за студентите од други универзитети и факултети.
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Daniela Dimovska |
| Date Deposited: | 12 Feb 2026 08:35 |
| Last Modified: | 12 Feb 2026 08:35 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38071 |
