Kнижевните текстови со историска и естетска определба застапени во наставата по историја

Cackov, Oliver (2025) Kнижевните текстови со историска и естетска определба застапени во наставата по историја. Годишен зборник на Факултетот за образовни науки, 14. pp. 11-16. ISSN 1409-9187

[thumbnail of 2.+Оливер+Цацков+11-16.pdf] Text
2.+Оливер+Цацков+11-16.pdf

Download (243kB)

Abstract

Во трудот се претставени придобивките и значењето на книжевните
текстови со историска и естетска определба во наставата по историја. Преку нив на учениците
им се доближува историското минато, се зголемува интересот за историските настани и се
поттикнува развој на способности за набљудување, доживување, мотивирање, самостојно
формирање заклучоци и стекнување нови извори на знаење. Во рамките на темата се наведени
примери од книжевни текстови на познати македонски автори, создадени во определени
временски периоди, кои претставуваат вреден и корисен материјал во наставата по историја.
Овие текстови се своеобразни извори и за историската наука, и за наставниците, и за
учениците.Преку книжевно-историските текстови учениците стекнуваат морални и естетски
вредности, а делата што го опишуваат подвигот на македонските револуционери, херои и борци,
кои оставиле светли страници во историјата на македонскиот непокор, остануваат трајно
втиснати во нивната колективна меморија.
Клучни зборови: учител, историја, меморија, настава, текстови, духовен живот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Oliver Cackov
Date Deposited: 05 Feb 2026 09:59
Last Modified: 05 Feb 2026 09:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37849

Actions (login required)

View Item
View Item