Терестријалната радиоактивност и радонот во населените места на Република Македонија

Stojanovska, Zdenka (2010) Терестријалната радиоактивност и радонот во населените места на Република Македонија. Doctoral thesis, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje.

[thumbnail of PhD dissertation – Zdenka Stojanovska 2010] Text (PhD dissertation – Zdenka Stojanovska 2010)
VERZIJA PECATENJE- pdf.pdf - Published Version

Download (8MB)

Abstract

Оваа дисертација ги претставува резултатите од систематското истражување на природната
радиоактивност во РМ. За таа цел, гама спектрометриски се анализираа 213 примероци од
почва и 218 примероци од цементи и суровини за производство на цементите. Направена е
проценка на годишната ефективна доза која ја прима населението од терестријално зрачење
на отворен и во затворен простор. За да се процени изложеноста на зрачење на населението
на 222Rn и 220Rn во затворен простор, се спроведе национално мерење во период од декември
2008 до декември 2009 година во вкупно 437 живеалишта за

222Rn и 300 живеалишта за 220Rn.
Мерењата се правеа со нуклеарни трагови детектори CR-39 во иста позиција во четири
последователни сезони (4 пати во годината со исто време на изложеност од 3 месеци). Се
одредија сезонски фактори на корекција за 222Rn и 220Rn во затворен простор. Резултатите
покажаа статистички значајна разлика на концентрациите на 222Rn и 220Rn мерени во
различни сезони и различни региони. Влијанието на факторите врз концентрациите на 222Rn
и
220Rn поврзани со карактеристиките на градбата на живеалиштето исто така беа
истражувани. Концентрацијата на 222Rn и 220Rn се мереше со помош на активна метода алфа
спектрометриски на вкупно 14 локалитети во Скопје и Прилеп. Статистичката анализа на
резултатите се правеше на ниво на значајност од 95% (p < 0,05).

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zdenka Stojanovska
Date Deposited: 05 Feb 2026 09:10
Last Modified: 05 Feb 2026 09:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37843

Actions (login required)

View Item
View Item