Римска вила на локалитетот Дрма – Бадар. Архитектура и градежни материјали

Nacev, Trajce and Angelovski, Bosko and Denkovski, Kiril (2025) Римска вила на локалитетот Дрма – Бадар. Архитектура и градежни материјали. In: Материјализација на мислата: Идеолошките концепти во културното наследство.

[thumbnail of РИМСКА ВИЛА АРХИТЕКТУРА И ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ.pdf] Text
РИМСКА ВИЛА АРХИТЕКТУРА И ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ.pdf

Download (76kB)
[thumbnail of Programа.pdf] Text
Programа.pdf

Download (234kB)

Abstract

Развојот на римската архитектура се должи на инвентивноста во поглед на конструктивните елементи и градежните материјали кои ги користеле римјаните во нивната градителска традиција. Концептот на римската вила произлегува од римскиот домус како објект за индивидуално живеење на високата класа, којшто се префрла на помирни локации на маргините на градот во субурбиумот или во руралните средини во вид на рустикални вили.
Римската вила на локалитетот Дрма – Бадар кај с. Бадар претставува еден од порепрезентативните архитектонски објекти од овој тип во Скопската Котлина. И покрај тоа што не е целосно истражена и сè уште не е утврден нејзиниот габарит, досега истражените сегменти, на двата истражувачки сектори, укажуваат на мошне солидно ѕидана архитектура со цврсти и дебели ѕидови до 70 см. ѕидани од камен и тули врзани со малтер. Тулите можат да се следат во три различни димензии, ѕидани без некој посебен шаблон. Најрепрезентативен дел од градбата е апсидалната просторија во функција на триклиниум со под од хидростатен малтер, која се протега на површина од околу 150 квадратни метри, која воедно претставува најголема просторија во рамките на досега истражениот простор. Она што го сместува овој објект меѓу порепрезентативните покрај Стакина Чешма – Валандово и Римската вила во Скупи е фактот што истата во рамките на внатрешната декорација имала ѕидни и плафонски фрески. Во непосредна близина на триклиниумот во правец на југ се наоѓа уште еден објект чиишто елементи упатуваат на можноста дека бил интегрален дел од целата вила во функција на бања. Густата концентрација на градежни елементи на еден поширок простор далеку поголем од габаритот на градбата остава простор за дилема во смисла на нејзината идентификација како вила рустика или субурбана.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 04 Feb 2026 08:43
Last Modified: 04 Feb 2026 08:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37603

Actions (login required)

View Item
View Item