Smilkov, Nikola (2025) Мал формат 2025 ДЛУМ. [Show/Exhibition]
МАЛ ФОРМАТ 2025 ДЛУМ.pdf
Download (547kB)
Abstract
Изложбата „Мал формат" го истражува потенцијалот на ограничениот визуелен простор како поле на комплексна уметничка експресија.
Преку различни медиуми цртеж, асемблаж, слика, скулптура, колажи аугментативна реалност уметниците воспоставуваат интердисциплинарен дијалог што ја преминува границата помеѓу традиционалното и новото медиумско искуство. Овој формат овозможува концентрирана визуелна мисла, каде интимноста на изразот станува носител на силна концептуална порака.
Делата застапени во изложбата се одликуваат со современ, реалистичка и експресивен израз, кој често се движи кон поетичност и симболи нарација. Тие рефлектираат актуелни естетски и општествени пра преку индивидуален авторски јазик, во кој материјалот, структурата просторот добиваат значење на комуникативни елементи. Уметничките практики што ги интегрираат традиционалните техники со дигитална
и проширена реалност отвораат нови хоризонти на перцепција и интеракција.
Во контекст на современата уметничка сцена, естетските и концептуалните насоки на изложбата можат да се доведат во релација со делата на истражувањата на материјалноста и историската меморија. Со тоа, „Мал Формат" ја афирмира идејата дека големината на уметничкиот исказ не произлегува од физичките димензии на делото, туку од интензитетот на
мислата, чувството и концептот што го носи. Оваа изложба претставува актуелна потврда на виталноста на малата форма како простор на естетска концентрација и критичка рефлексија во современата уметност.
Проф. д-р Маја Рауник Кирков
Претседател на уметнички совет на ДЛУМ
| Item Type: | Show/Exhibition |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
| Divisions: | Faculty of Educational Science |
| Depositing User: | Nikola Smilkov |
| Date Deposited: | 26 Jan 2026 09:39 |
| Last Modified: | 26 Jan 2026 09:39 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37240 |
