Veselinova, Borjanka and Kostadinovic Velickovska, Sanja (2025) Определување на пестициди во црвена пиперка од струмички регион со употреба на QuEChERS, гасна и течна хроматографија. In: VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 12 Nov 2025, Stip.
Книга на апстракти VI студентска конференција.pdf
Download (759kB)
Усна презентација.pdf
Download (1MB)
Abstract
За анализа на пестициди во црвена ајварска пиперка (Capsicum annuum cv. Куртовска капија) беше употребен методот на QuEChERS (EN 15662) кој вклучува екстракција на пестициди со ацетонитрил што содржи 1 % мравја киселина и употреба на соли NaCl и MgSO4. Накратко, 10 г од исецкана и блендирана пулпата од пиперката беше трансфериран во фалконска епрувета и раствор од пуфери. Смесата беше подложена на вртложното мешање со вортекс, центрифугирана и по 30 мин. беа додадени солите. Потоа, 7 mL од екстрактот беше префрлен во друга фалконска епрувета што ги содржеше солите за чекорот на прочистување. По вртложното мешање и центрифугирање, 5 mL супернатант беше префрлен во смеса што содржи 50 µL 5 % мравја киселина (v/v) во ацетонитрил, растворувачот беше исушен низ проток на азот, ресуспендиран во 1,0 mL метилетанол и складиран во стаклена епрувета во замрзнувач до времето на анализа со течна и гасна хроматографија. Вкупно 40 примероци од црвена пиперка ајварка (Куртовска капија) од село Дабиле, регион на Струмица се анализирани со течна и гасна хроматографија со масена спектрометрија. Направена е идентификација и квантификација на вкупно 397 пестициди. Од нив, имидаклоприд беше детектиран над дозволените концентрации (0,011 мг/кг) во примероци кои пред берба биле третирани со препаратот Нимазал, додека во примероците од ајварската црвена пиперка третирани со препарат кој претставува комбинација од Дикрсол 500 sp и Протеус е детектиран истиот пестицид имидаклоприд во концентрација 0,032 мг/кг примерок. Дозволените концентрации на овој пестицид најден во испитуваните примероци од црвена пиперка ајварка се движи до максимум 0,01 мг/кг.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Sanja Kostadinovik |
| Date Deposited: | 24 Dec 2025 11:12 |
| Last Modified: | 24 Dec 2025 11:12 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37108 |
