Sandev, Suncica and Kamceva, Gordana (2025) Застапеност на интрахоспиталните инфекции во единица за интензивна нега за период од шест години. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 72 (4). pp. 451-455. ISSN 2545-4439
PREVALENCE+OF+INTRAHOSPITAL+INFECTIONS+IN+AN+INTENSIVE+CARE+UNIT+FOR+A+SIX-YEAR+PERIOD.pdf
Download (865kB)
Abstract
Интрахоспиталните инфекции (ИХИ) претставуваат еден од најзначајните современи предизвици во здравството, како на глобално ниво, така и во земјите од регионот во кој припаѓа и нашата држава. Под овој поим се подразбира секое клинички манифестирано инфективно заболување кое е во директна врска со здравствената грижа – без разлика дали се јавува во текот на хоспитализација, при амбулантско-поликлиничко лекување или во рамки на превентивни интервенции. Времето на појава на симптомите не е пресудно, бидејќи инфекцијата може да се манифестира пред, за време или по завршување на здравствената услуга. Причината за настанување на овие инфекции најчесто е поврзана со различни медицински постапки: дијагностички испитувања, терапевтски третмани, обезбедување на медицинска нега, рехабилитација, како и други здравствени интервенции. Иако честопати се појавуваат како дополнителна компликација, интрахоспиталните инфекции во голем број случаи претставуваат потежок здравствен проблем од основната болест заради која пациентот првично побарал медицинска помош. Според проценките, нивната застапеност изнесува околу 5–10% од сите хоспитализирани пациенти, додека во единиците за интензивна нега во одредени земји може да надмине и 50%.
Цел: Главна цел е да се прикаже бројот на интрахоспитални инфекции, најчестиот причинител и примерок за најчестиот вид на испитување на примерок.
Материјали и методи: Податоците кои се превземени од државниот завод за статистика за период од шест години, од 2019 до 2024 година, се прикажани во соодветни графикони.
Резултати: Во нашиот труд се опфатени 1869 случаи на интрахоспиталини инфекции во ЕИКН, за период од 2019 го 2024 година. Најчести причинители на ИХИ за период од овие години се:Staphylococcus aureus – meticilin rezestenten, Klebsiela pneumonie и Acinetobacter spp. Според видот на испитување на примерок за ИХИ, најчест извор се: трахијален аспират, брис од рана и хемокултура.
Заклучок: Интрахоспиталните инфекции претставуваат значаен здравствен и општествен проблем, чија превенција бара системски и координиран пристап. Недоволната хигиена и нецелосната примена на стандарди за стерилизација во јавните здравствени установи создаваат сериозен ризик за пациентите, при што последиците честопати можат да бидат потешки од основната болест. Улогата на здравствените работници е клучна, бидејќи нивната стручност и одговорност се темел на успешната примена на превентивни мерки. Воведувањето и доследното почитување на протоколи за чистење, дезинфекција, стерилизација и управување со медицински отпад се неопходни за да се минимизира можноста за ширење на инфекции. Дополнително, развојот на годишни програми за контрола на инфекции и користењето современа технологија претставуваат предуслов за обезбедување безбедна и квалитетна здравствена заштита. Со интегрирана примена на овие стратегии, болниците не само што ќе ја намалат стапката на интрахоспитални инфекции, туку и ќе го унапредат целокупниот квалитет на здравствената нега и довербата на пациентите во здравствениот систем.
Клучни зборови: интрахоспитални инфекции, интензивна нега, бактерии, трахијален аспират, брис од рана, хемокултура
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Gordana Kamceva |
| Date Deposited: | 03 Nov 2025 08:11 |
| Last Modified: | 03 Nov 2025 08:11 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36704 |
