Инциденца на оперирани пациенти со конгенитален хидроцефалус за период од три години

Spaseski, Sanja and Kamceva, Gordana (2025) Инциденца на оперирани пациенти со конгенитален хидроцефалус за период од три години. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 72 (4). pp. 403-406. ISSN 2545-4439

[thumbnail of INCIDENCE+OF+SURGERY+PATIENTS+WITH+CONGENITAL+HYDROCEPHALUS+FOR+A+THREE-YEAR+PERIOD.pdf] Text
INCIDENCE+OF+SURGERY+PATIENTS+WITH+CONGENITAL+HYDROCEPHALUS+FOR+A+THREE-YEAR+PERIOD.pdf

Download (865kB)

Abstract

Хидроцефалус е медицинска состојба која се карактеризира со проширување на мозочните комори или шуплини со вишок цереброспинална течност одноцно збир на состојби кои се карактеризираат со зголемена количина на цереброспинална течност. Раната дијагноза, најчесто се поставува преку пренатален ултразвук или веднаш по раѓањето и е од клучно значење за навремено започнување на терапијата и минимизирање на долгорочните последици.
Оваа состојба доведува до проширување на коморите, зголемен интракранијален притисок и потенцијално оштетување на мозочната структура и функција.
Цел: Целта на овој труд е да се прикаже бројот на дијагностицирани пациенти со конгенитален хидроцефалус, според пол и возраст, за три последователни години.
Материјали и методи: Податоците кои се презентирани се земени од државниот завод за статистика како и податоци од Клиника за Неврохирургија – Скопје, за период од три години, од 2022 до 2024 година. Пациентоите се поделени според пол и возраст, прикажани во соодветните графикони.
Резултати: На клиниката за Неврохирургија-Скопје, биле лекувани вкупно 43 деца со конгенитален хидроцефалус и тоа во 2022 година вкупно 16 деца, во 2023 година 14 деца и во 2024 година 13деца. Од вкупниот број на примени деца, за 2022 година, 13 деца биле од машки пол, 3 од женски пол, за 2023 година, 9 деца биле од машки пол, а 5 од женски пол и за 2024 година, 8 од машки и 5 од женски пол. Според возраста, за 2022 година, 3 деца биле на возраст од 0-12 месеци, а 13 деца од 1-14години, за 2023 година, 6 деца биле на возраст од 0-12 месеци, а 8 деца од 1-14 години и за 2024 година, 3 деца од 0-12 месеци, 13 од 1-14 години.
Заклучок: Хидроцефалусот представува сериозно невролошко нарушување кое настанува како резултат на абнормално акумулирање на цереброспиналната течност која се наоѓа во мозочните комори, што доведува до зголемен интракранијален притисок и оштетување на мозочната функција. Пристапот кон ранат дијагностика и соодветната терапија било со хируршко поставување на шант систем или ендоскопска третмани – се клучна улога во спречување на трајни оштетувања. Со напредокот на медицинската технологија и следење на пациенти од мултидисциплинарни тимови, прогнозата на лицата со хидроцефалус значително се подобрува.
Клучни зборови: конгенитален хидроцефалус, оперативен третман, лекување, сестринска нега

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 03 Nov 2025 08:10
Last Modified: 03 Nov 2025 08:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36703

Actions (login required)

View Item
View Item