Mladenovska-Muratovska, Brankica and Kamceva, Gordana (2025) Инциденца на пациенти со карцином на дојказа период од две години. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 72 (4). pp. 435-439. ISSN 2545-4439
INCIDENCE+OF+PATIENTS+WITH+BREAST+CANCER+IN+A+TWO-YEAR+PERIOD.pdf
Download (1MB)
Abstract
Ракот на дојка е еден од најчестите ракови кај жените ширум светот, но не е ограничен само на нив — и мажите можат да се разболат од овој тип на рак, иако многу поретко. Болеста започнува кога клетките во ткивото на дојката почнуваат да растат неконтролирано и формираат тумор. Причините за рак на дојка не се целосно разјаснети, но се познати некои фактори на ризик, како што се генетските предиспозиции, хормоналните промени, изложеноста на радијација, староста, семејната историја на рак и други здравствени услови. Во многу случаи, рак на дојка може да се развие без очигледни симптоми, што ја прави редовната превентивна грижа и скрининг од клучно значење.
Цел: Цел на овој труд е да се прикаже инциденцата на карцином на дојка во Р.Северна Македонија, во период од две години.
Материјали и методи: Податоците за состојбата на карцином на дојка се превземени од Институтот за Јавно здравје на Р.Северна Македонија. Вклучени се пациенти со дијагностициран карцином на дојка. Добиените податоци се систематизирани, прикажани графички.
Резултати: На ЈЗУ УК за Торакална и васкуларна хирургија за 2023 година се примени пациентки со дијагностициран карцином на дојка 682 пациентки. Од нив, 633 (92,82%) се хируршки оперирани. За 2024 година, се примени 721 пациентка, од нив 629 (87,24%) се хируршки оперирани. Според поделбата на пациентките според возрасната група за 2023 година, најголем број на пациентки се на возраст од 61-70години, а за 2024 година е возраст повеќе од 71година.
Заклучок: Денес, благодарение на напредокот во медицината, ракот на дојка може да се открие на рани фази, што значително ги зголемува шансите за успешно лекување. Раното откривање овозможува примената на различни терапии, вклучувајќи хируршка интервенција, хемотерапија, радиотерапија и хормонска терапија, кои можат да помогнат во излекувањето или контрола на болеста. Освен тоа, многу важна е негата на ваквите пациенти како и психолошката поддршка за пациентите и нивните семејства, бидејќи соочувањето со рак на дојка може да биде емоционално исцрпувачко. Подобрените техники на поддршка и совети за справување со болеста, како и напорите за подигање на свеста за ракот на дојка, играат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на животот на пациентите и нивните блиски.
Клучни зборови: карцином на дојка, сестринска нега, морбидитет
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Gordana Kamceva |
| Date Deposited: | 03 Nov 2025 08:10 |
| Last Modified: | 03 Nov 2025 08:10 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36702 |
