Ментор на изложба и модератор на разговор: „Боите на приказните“, изложба на Јована Трајанова, Ликовна академија УГД Штип

Trajanova, Jovana and Jakimovska, Jana (2024) Ментор на изложба и модератор на разговор: „Боите на приказните“, изложба на Јована Трајанова, Ликовна академија УГД Штип. UNSPECIFIED.

[thumbnail of jovana boite na prikaznite.pdf] Text
jovana boite na prikaznite.pdf

Download (316kB)

Abstract

Ликовната академија започна нова изложбена активност на своите студенти. Со претворање на антрето на академијата во мал изложбен простор, се овозможуваат камерни самостојни, како и групни претставувања на студентите од првиот и од вториот циклус на студии.
Прва од серијата вакви изложби беше отворена на 24.10.2024 година. Станува збор за изложбата на дигитални илустрации со наслов „Боите на приказните“ на студентката од втор циклус на програмата Сликарство, Јована Трајанова. Како ликовен уметник од областа на класичното сликарство која и првиот циклус студии го заврши на Ликовната академија, студентката Јована Трајанова пред своите колеги се претстави како илустраторка која во фокусот ја има илустрацијата за деца. Како веќе наградувана илустраторка и стрип авторка, Јована има богато портфолио од кое направи внимателна селекција на илустрации од поскорешен датум.
Составен дел од изложбата беше и разговорот помеѓу авторката и професорката Јана Јакимовска, кој за колегите присутни во публиката отвори важни прашања околу сликарството и илустрацијата, односно допирните точки меѓу класичниот пристап кој се изучува на академијата, и сите технички можности на новото дигитално доба кои се користат во современата илустрација.

Item Type: Other
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Jana Jakimovska
Date Deposited: 09 Sep 2025 08:30
Last Modified: 09 Sep 2025 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36324

Actions (login required)

View Item
View Item