Студија на активноста на дентални биоматеријали со примена на електрохемиски и микроскопски техники

Apostoloski, Pavle (2025) Студија на активноста на дентални биоматеријали со примена на електрохемиски и микроскопски техники. Doctoral thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of PhD Thesis (Докторат)] Text (PhD Thesis (Докторат))
ДОКТОРАТ павле 2025 конечен - 1.pdf

Download (5MB)

Abstract

Иако денталните биоматеријали се употребуваат повеќе од 3000 години, нивното значење, нивната примена и нивните својства почнуваат да привлекуваат значителен интерес во денталната медицина од почетокот на минатиот век. Наједноставната дефиниција за „дентален биоматеријал“ би била дека тоа претставува вештачки вметнат материјал во усната празнина што е способен функционално и естетски да замени дел од човечките органи или ткива во усната празнина. Дентален биоматеријал може да биде применет за добивање на дентален имплант, коронка, мостова конструкција, протеза, ортодонтски помагала и сл. Во физиолошки услови голем дел од биометаријалите не се стабилни и се подложни на структурни и функционални промени, како под дејство на хемиски системи, така и под влијание на механички и физички процеси. Примарна задача на комерцијалните корпорации за производство на дентални биоматеријали е да произведат системи што ќе бидат биокомпатибилни, но во исто време ќе покажуваат голема стабилност и отпорност кон голем број на хемиски системи што се вметнуваат секојдневно во усната празнина. Во рамките на оваа дисертација, направена е карактеризацијата на дентален метален биоматеријал, легура од кобалт-хром- молибден Co-Cr-Mo со примена на волтаметриски електрохемиски техники и на скенирачка електронска микроскопија. Притоа, предложени и разработени се четири теоретски волтаметриски механизми во услови на циклична волтаметрија и квадратно-бранова волтаметрија што соодветствуваат на механизмите на распаѓање на металните дентални биоматеријали. Покрај тоа, со примена на скенирачка електронска микроскопија, направена е структурна и хемиска карактеризација на дентален метален биоматеријал со нарушена структура. Својствата на овој дентален биоматеријал се споредувани со микроскопските својства на референтен материјал што е користен за изработка на денталниот биоматеријал кој е предмет на испитување. Во серија од електрохемиски експерименти, покажано е влијанието на голем број хемиски системи и на одредени лекови врз активноста и електрохемиските својства на денталниот биоматеријал. Со споредба на експерименталните и теоретските резултати од електрохемиските анализа, предложени се соодветни механизми според кои доаѓа до електрохемиска активност на испитуваниот дентален биоматеријал во присуство на дефинирани хемиски системи. Покрај тоа, со примена на методите предложени во теоретските волтаметриски студии, пресметани се кинетички параметри што се релевантни за интеракциите помеѓу испитуваните системи и денталниот биоматеријал. Резултатите од оваа дисертација се значителен чекор кон студирањето на функциите и активноста на денталните неблагородни легури на база на Co-Cr-Mo што често се употребувани во денталната медицина.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Rubin Gulaboski
Date Deposited: 02 Sep 2025 10:59
Last Modified: 02 Sep 2025 10:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36315

Actions (login required)

View Item
View Item