Присуство на вирус на свиткување на листовите кај виновата лоза (Grapevine leafroll associated virus – GLRaV) кај винските сорти на грозје

Mihailov, Stefan and Mitrev, Sasa and Arsov, Emilija (2024) Присуство на вирус на свиткување на листовите кај виновата лоза (Grapevine leafroll associated virus – GLRaV) кај винските сорти на грозје. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина", 13 Nov 2024, Stip.

[thumbnail of Михаилов и сор. 2024.pdf] Text
Михаилов и сор. 2024.pdf

Download (760kB)

Abstract

До денес познати се околу 70 групи вируси како главни причинители на болести кај виновата лоза. Штетите предизвикани од Grapevine leafroll associated virus се движат во граници од 20 до 40 %. Овој вирус најчесто предизвикува промена во бојата на листовите и нееднакво созревање на гроздовите. Исто така, симптомите можат да вклучат и свиткување на листовите кон внатрешната страна, промена на бојата (поцрвенување кај црвените/црните сорти, пожолтување (хлорозност) кај белите сорти) и некротизирање на одредени делови од листот и разрушување на флоемот. Овој вирус често се појавува во мешана инфекција со други вируси или со друг патоген причинител. Во такви случаи може да предизвикува сушење и изумирање на лозата. Теренските анализи на симптомите кај виновата лоза предизвикани од вирусот на свиткување на листовите кај виновата лоза, многу често може да личат со симптоми како резултат на механичко оштетување на стеблото кај виновата лоза, други болести на флоемското ткиво, оштетувања од инсекти и сл.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Emilija Arsov
Date Deposited: 13 Jan 2025 11:14
Last Modified: 13 Jan 2025 11:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35413

Actions (login required)

View Item View Item