Volceska, Afrodita and Mitrev, Sasa and Arsov, Emilija (2024) Присуство на столбур фитоплазма кај автохтоната македонска сорта Станушина. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина", 13 Nov 2024, Stip.
Text
Волческа и сор. 2024.pdf Download (761kB) |
Abstract
Станушината во производствени насади се одгледува само во Тиквешкото виногорје на површина од околу 240 хектари. Таа е сорта која издржува суша, доста е отпорна на болести во однос на другите сорти кои доминираат во производствените насади (,,Вранец“, ,,Смедеревка“, ,,Шардоне“ и други) и се разбира дека треба да се даде поголемо значење во структурата на сортиментот, посебно за производство на розе вина. Тоа е сорта која го карактеризира типот на црвените, јаки и тешки вина. Инаку сортата Станушина обезбедува суровина за производство на црвени и розе вина. Се одржува на суви, сиромашни и варовити почви. Таа е сорта која најрационално ги користи слабите терени и е една од најотпорните сорти на суша. Оваа сорта, во споредба со високоосетливите сорти Шардоне и Вранец, помалку е осетлива на столбур фитоплазмите (Bois noir BN, stolbur). При манифестирање на симптомите од инфекциите со фитоплазми, сортата Станушина се разликува од општите одлики на симптомите кај црвените сорти. Според времето на појава на симптомите на терен, тие со сигурност се забележуваат при крајот на јули и почетокот на август, но најинтензивно во септември.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Emilija Arsov |
Date Deposited: | 13 Jan 2025 11:05 |
Last Modified: | 13 Jan 2025 11:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35406 |
Actions (login required)
View Item |