Petruseva, Sara and Andronikov, Darko and Janevski, Aco and Bozinovski, Zoran (2024) Квалитетот на водата за пиење на град Скопје. In: 5 студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина", 13 Nov 2024, Stip.
V Студентска конференција КРИТИЧНИ ПРАШАЊА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 2024m.pdf
Download (632kB)
Abstract
Вршени се анализи на водата за пиење во период од 10 (десет) месеци во градот
Скопје од изворите Рашче 1 и 2 и од Кондово (критична контролна точка), како и на
потеклото и доводната вода во системот за снабдување со истата. Водата е од калциум
бикарбонатен тип со магнезиум присутен во типична концентрација на карсни води.
Просечните вредности за pH вредноста покажуваат дека е неутрална и многу стабилна.
Присуството на натриум, калциум, хлориди, нитрати, силикати и сулфати се во ниски
концентрации и други параметри кои се практично во трагови. Флуорот е константен како
и магнезиумот. Што се однесува до хромот и тој се движи во тесни и ниски граници далеку
од максимално дозволените концентрации со „Правилникот за безбедност на водата за
пиење бр.46/2008“. Има ниска концентрација на ризидуален хлор, кој гарантира
бактериолошки квалитет на резултатите и навиките на потрошувачите во отсуство на
мирис на водата. Она што е важно во овој случај е отсуството на тешки метали и токсични
материи што ја прави водата од сите три извори безбедна за пиење.
Клучни зборови: ККТ, вода, анјони, катјони, pH, тешки метали.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Other) |
|---|---|
| Subjects: | Engineering and Technology > Chemical engineering Engineering and Technology > Industrial Biotechnology |
| Divisions: | Faculty of Technology |
| Depositing User: | Darko Andronikov |
| Date Deposited: | 24 Feb 2025 09:26 |
| Last Modified: | 24 Feb 2025 09:26 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35401 |
