Vitanova-Ringaceva, Ana and Miceva, Suzana (2024) Видеото Како Алатка за Дигитализација и Трансмисија на Фолклорните Материјали. Савремена српска фолклористика 15. ISSN 978-86-7301-210-0
Text
Видеото како алатка за трансмисија...Тршиќ 2023.pdf Download (355kB) |
Abstract
Видеото донесе големи промени во начинот на регистрирање на
фолклорните материјали, нивното зачувување и дигитализацијата. Тоа ја олесни работата на собирачите и истражувачите, но и на научниците-фолклористи кои имаат можност постојано да им се навраќаат на видео-снимките и да ги анализираат различните аспекти на фолклорниот материјал. Дигитализацијата на фолклорните материјали е клучна во време на технолошка револуција, пред сѐ за олеснување на научно-истражувачката дејност на фолклорот, но и за негово собирање и афирмација. Дигиталните уреди, особено паметните телефони со своите перформанси овозможуваат различни фолклорни материјали да се снимаат но и да се прикажуваат во реално
време. Она за што порано беа потребни седмици, месеци и години работа, сега е прашање на минути во кои можат да се реализираат десетици операции вклучително и формирање посебни онлајн бази со собрани видео материјали. Во овој труд ќе ги анализираме токму позитивните аспекти на видеото и неговата улога во унапредувањето на фолклористичките истражувања.
Клучни зборови: видео, фолклор, дигитализација, традиција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 04 Oct 2024 10:29 |
Last Modified: | 04 Oct 2024 10:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34779 |
Actions (login required)
View Item |