Хигиенски квалитет на бунарска вода во регионот на Пробиштип и Кочани

Anastasova, Ankica and Angjeleska, Aleksandra and Kuzelov, Aco and Nakov, Dimitar (2023) Хигиенски квалитет на бунарска вода во регионот на Пробиштип и Кочани. In: Критични прашања во земјоделството и животната средина, 9 Nov 2023, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of ХИГИЕНСКИ КВАЛИТЕТ НА БУНАРСКА ВОДА.pdf] Text
ХИГИЕНСКИ КВАЛИТЕТ НА БУНАРСКА ВОДА.pdf

Download (1MB)

Abstract

Главна цел на истражувањето беше испитување на квалитетот на бунарската вода од пет бунари локализирани во регионот на Пробиштип и Кочани. Водата од бунарите се користи за задоволување на потребите на домаќинствата кога централизираното снабдување со вода не задоволува во капацитет. За подобрување на микробиолошкиот квалитет на бунарската вода беше извршена дезинфекција на водата во бунарите со оксидативно дезинфекционо средство. Испитувањата на параметрите во водата беа направени пред и по направената дезинфекција, со исклучок на присуството на тешки метали и радионуклиди кои беа направени во едно повторување бидејќи постапките на дезинфекција не влијаат врз нивните вредности. Анализата на варијанса (ANOVA) за хигиенските показатели на мострите бунарска вода зависно од регинонот и теренот каде се локализирани бунарите покажа дека не постои статистички значајна разлика во однос на испитуваните параметри. Во однос на контролната проба вода и референтните вредности за квалитет на вода за пиење, сите мостри бунарска вода покажаа незадоволителен хигиенски квалитет и водата беше небезбедна за користење во домаќинствата. Критични точки за загадувањето на бунарската вода и пред сè незадоволителниот микробиолошки квалитет веројатно се должат на отсуството на канализациона мрежа и агро-хемиските мерки кои се користат во земјоделското производство. По извршената дезинфекција на бунарите со вода не се постигна задоволителен квалитет на водата согласно референтните вредности пропишани во Правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење. Истражувањата ќе продолжат и наредните сезони од годината со примена на дезинфекција на водата до постигнување на задоволителен хигиенски квалитет на бунарската вода.
Клучни зборови: бунарска вода, хигиенски параметри, дезинфекција на вода

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 25 Sep 2024 06:24
Last Modified: 25 Sep 2024 06:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34702

Actions (login required)

View Item View Item