Византиската „Еклога“ – Иконоборскиот бревијар на Јустинијановите закони

Apasiev, Dimitar (2024) Византиската „Еклога“ – Иконоборскиот бревијар на Јустинијановите закони. In: Единаесеттата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 19-21 Sept 2024, Штип.

[thumbnail of ECLOGA - objaveniot na konferencijata (finalen).pdf] Text
ECLOGA - objaveniot na konferencijata (finalen).pdf

Download (972kB)

Abstract

Трудот се занимава со еден важен аспект на правно-историската проблематика за познатата византиска Еклога (грч. ΕΚΛΟΓΗ ΤΩΝ ΝΟΜΩΝ; лат. ECLOGA LEGUM – Leonis et Constantini / VIII век) или, во превод, Изборот на законите на источно-римските императори Лав III и син му Константин V. Ова императорско законодавно дело, односно царски бревијар, т.е. прирачник за судско-управна пракса – кое, во изворите, уште се среќава и под називот „Исавриска Еклога“ – впрочем, е своевиден скратен извод од Јустинијановите закони, но во модернизиран и хуманизиран облик. Иако Еклогата поаѓа од Римското право, кое за вечни времиња останало основа на византискиот правен живот, таа сепак се обидува да го измени во правец на „поголемо човекољубие“, притоа модифицирајќи го во насока на приспособување на тогашните општествено-економски услови, како и на христијанските начела. И навистина, аналитички земено, таа значително отстапува од т.н Јустинијаново право – од една страна поради примесите на црковното / канонско право; а од друга страна, поради влијанието на локалните источни / азиски, т.е. народни обичаи на поданиците кои живееле на различни краишта на огромната Византиска Империја. Поконкретно, авторот прави обид за расветлување на низа значајни прашања на правната романистика од т.н. прв византиски период, а кои се однесуваат на: важноста, значењето, доносителите, начинот на создавање, јазикот, структурата/содржината, територијалното важење и преводите на оваа постјустинијанова правна компилација, подотвена за време на т.н. еретички цареви. Конечно, треба да се потенцира фактот дека, кон крајот на трудот, авторот прави пионерски обид, за прв пат на македонски јазик, интегрално да го преведе предговорот, т.е. воведниот дел, односно „преамбулата“ на Еклогата – која што му претходи на нормативниот текст, а која е пишувана во еден мошне свечен, панегиричен и химничен тон.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: Еклога; Византија; Јустинијаново право; Иконоборска династија; титулуси; старословенско право
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 19 Sep 2024 11:04
Last Modified: 19 Sep 2024 11:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34659

Actions (login required)

View Item View Item