Codex Theodosianus – Првата државна кодисфикација на римскиот поредок на leges

Apasiev, Dimitar (2024) Codex Theodosianus – Првата државна кодисфикација на римскиот поредок на leges. In: Единаесеттата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 19-21 Sept 2024, Stip.

[thumbnail of Codex Theodosianus - izdadeniot (final).pdf] Text
Codex Theodosianus - izdadeniot (final).pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Трудот се занимава со еден важен аспект на правно-историската проблематика за познатиот Теодосиев кодекс (Codex Theodosianus / V век), како прва државна кодификација на римскиот правен поредок на leges, кој често неоправдано е во истражувачка сенка на подоцнежната т.н. Јустинијанова кодификација (Corpus Iuris Civilis Romani / VI век). Поконкретно, авторот прави обид за расветлување на низа значајни прашања на правната романистика од т.н. доцно-римски или рано-византиски период, а кои се однесуваат на: важноста, значењето, начинот на создавање, јазикот, структурата, начинот на цитирање, територијалното важење и преписите/ракописите на оваа предјустинијанова кодификација на законите донесени од т.н. „христијански цареви“, а подготвена за време на источно-ромејскиот император Теодосиј Втори. Меѓудругото, од аспект на содржината, интересно е тоа што за прв пат се преведени од латински на македонски јазик сите достапни наслови/титулуси на сите 16 книги на Кодексот! Кон крајот на трудот, авторот прави пионерски обид, повторно за прв пат на македонски јазик, интегрално да ја преведе Одлуката на Сенатот на градот Рим за објавувањето на Теодосиевиот кодекс (лат. Gesta Senatus Romani de Theodosiano publicando / 438), како и царската Конституција за конситуционариите (Constitutio de constitutionariis / 442) – кои, пак, се сметаат како своевиден вовед, односно предговор, т.е. преамбула на Теодосиевиот кодекс.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: Теодосиев кодекс; посткласично римско право; инскрипција; царски комисии; титулуси
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 19 Sep 2024 11:03
Last Modified: 19 Sep 2024 11:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34658

Actions (login required)

View Item View Item