Изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ во КИЦ во Софија - 2024

Efremov, Jordan and Namicev, Petar and Jakimovska, Jana and Miloseski, Slobodan and Dimitrijeva-Kuzmanoska, Vanga and Pecov, Ivo and Naumovska, Verica (2024) Изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ во КИЦ во Софија - 2024. [Show/Exhibition]

[thumbnail of sofija.pdf] Text
sofija.pdf

Download (559kB)

Abstract

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија на 18 април (четврток) 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“.

На изложбата ќе бидат претставени дела кои се настанати во Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во периодот од 2019 до 2023 година. Составот на авторите е од поранешни и сегашни студенти во оваа образовна установа, и тоа се: Александра Јеротијевиќ-Андреева, Бојана Тошевска, Вангел Крстиновски, Дејан Витанов, Ивана Ивановска, Крсте Тарабунов, Миа Ефремова и Мики Иванов.

Нас. доц. д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани нај карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите од оваа изложба работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, како и македонските професори: Јана Јакимовска, Јордан Ефремов, Слободан Милошески и Ванѓа Димитријева-Кузманоска.

Жанровски нај застапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Jordan Efremov
Date Deposited: 08 Jul 2024 07:43
Last Modified: 08 Jul 2024 07:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34434

Actions (login required)

View Item View Item