Mirakovski, Dejan and Lazarov, Darko and Srebrenkoska, Sara and Zendelska, Afrodita and Krcheva, Violeta (2024) Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука-бизнис. [Project] (Unpublished)
Text
Проект УГД-МЕ-СКСМ.pdf Download (585kB) |
Abstract
Целта на проектот “Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука-бизнис” е градење на платформа за долгорочна соработка помеѓу науката и бизнисот во делот на развивање и примена на нови научно засновани концепти и решенија на циркуларна и зелена економија во рамки на индустријата.
За таа цел, во рамки на проектот е предвидено креирање на дигитална платформа базирана на два меѓусебни поврзани центри: 1) Бизнис центар за циркуларна економија, и 2) Научно-истражувачки центар за циркуларна и зелена економија.
Бизнис центарот за циркуларна економија ќе има задача да адресира конкретни барања на компании од различни индустриски сектори поврзани со циркуларна економија и заштита на животната средина кои барања и проблеми можат да бидат решени со примена на научно засновани методи.
Научно-истражувачкиот центар ќе работи на развивање, надградување и примена на научни методи во решавање на одредени претходно адресирани проблеми и барања од страна на компаниите и активно ќе соработува со компаниите во развој на нови производи и подобрување на постоечките производни процеси базирани на примена на концептот на зелена и циркуларна економија. За таа цел, научно-истражувачкиот центар во рамки на проектот ќе ги зајакне своите научно-истражувачки капацитети преку набавка на нова лабараториска опрема и реализирање на научен престој во странство на дел од истражувачите во центарот. Истовремено, заедно со бизнис центарот ќе организира серија на обуки за компаниите во делот на исполнување на меѓународни стандарди и барања во делот на зелената транзиција.
Во рамки на проектот ќе биде направено пилотирање на целата идеја за научна-бизнис соработка преку развивање на нови иновативни производи во конкретна компанија од преработувачката индустрија која преку употреба на пластичен рециклиран отпад од автомобилска индустрија ќе развие два нови иновативни производи од пластика со значителна додадена вредност и извозен потенцијал.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Engineering and Technology > Environmental engineering Engineering and Technology > Mechanical engineering |
Divisions: | Faculty of Economics Faculty of Mechanical Engineering Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 24 Jun 2024 10:33 |
Last Modified: | 24 Jun 2024 10:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34318 |
Actions (login required)
View Item |