Radeska, Elena and Gjorgievska, Elizabeta and Pavlevska, Meri and Simonoska, Jasna and Radeska, Ana and Nikolovski, Bruno (2024) Ефекти од апликација на средства за епителизација при френулектомија. In: II Macedonian Pedodontic Congress, 30 May - 01 June 2024, Skopje.
Text
ОР9- Ефекти од апликација на средства за епителизација при френулектомија.pdf - Published Version Download (3MB) |
|
Slideshow
Ефекти од апликација на средства за епителизација при френулектомија.pdf - Published Version Download (1MB) |
|
Text
Програма-pedodontic congress.pdf - Published Version Download (7MB) |
Abstract
Вовед: Кај случаите со ниска (коронарна) инсерција на максиларниот лабијален френулум неопходна е потребата за негово отстранување,при што покрај конвенционалните хируршки методи, денес сè почесто се применуваат денталните ласери (диоденласер, Nd: YAGласер, Er: YAGласер, CO2 ласер и др.).
Цел на трудот: да се направи споредба помеѓу ласерската френулектомија без и со употреба на средства кои дополнително би влијаеле на подобрување на епителизацијата.
Материјал и метод: Во студијата беа вклучени 45 пациенти со ниска инсерција на максиларниот лабијален френулум, поделени во три групи според применетото средство за епителизација: 1. Miradont®-Gel; 2. Gengigel® и 3. Контролна група. Френулектомиите беа изведени со диоден ласер Laser HF (Hager&Werken GmbH, Germany; 6W, 975nm). Евалуацијата беше изведена на 3-от, 7-от и 14-от ден по интервенцијата, по пат на клинички преглед и изведена цитолошка анализа (со земање на брис од раната).
Резултати: Просечното времетраење на интервензијата изнесуваше 6.22 (0.88) мин. Кај 67% од пациентите беше евидентиран силно изразен страв. Компликации не беа нотирани со исклучок на лесен едем и постоперативна болка кои се губеа 1-от ден по интервенцијата. Лесна хиперемија беше забележана кај сите групи на 3-от ден по интервенцијата. Фибриноиден налеп беше забележен само кај пациентите од контролната групана 7-от ден по интервенцијата. Кај пациентите од групата третирана со гелот Gengigel®, при клиничкиот преглед постоеше најдобро зараснување на раната во споредба со останатите групи, кое беше и цитолошки потврдено.
Заклучок: Клинички, најдобро зараснување беше забележано кај пациентите кај кои по хируршкиот третман, беше аплициран гел на база на хијалуронска киселина, кое беше верифицирано со цитолошкиот наод.
Клучни зборови: диоден ласер, френулектомија, епителизација, хијалуронска киселина.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bruno Nikolovski |
Date Deposited: | 11 Jun 2024 08:54 |
Last Modified: | 11 Jun 2024 08:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34254 |
Actions (login required)
View Item |