Визуелизација на латентни отпечатоци од прсти на неиспукани куршуми со хемиска депозиција на олово(II) сулфид

Andonovski, Antonio and Stojkovikj, Sasho and Oklevski, Slobodan and Najdoski, Metodija (2021) Визуелизација на латентни отпечатоци од прсти на неиспукани куршуми со хемиска депозиција на олово(II) сулфид. Студентска конференција на младите уметници и научници СКУН. pp. 31-43.

[thumbnail of Conference proceeding] Text (Conference proceeding)
skun-Andonovski-Stojkovikj-Oklevski-Najdoski 2021.pdf

Download (4MB)

Abstract

Во овој труд е презентиран нов, хемиски метод за визуелизација на латентни отпечатоци од прсти на површина од месинг од неиспукани куршуми. Методот е базиран на селективна хемиска депозиција на олово (II) сулфид во просторот помеѓу папиларните линии на површина. Постапката е едноставна и се состои од краткотрајно потопување на куршумите во раствор за визуелизација. Растворот за визуелизација на отпечатоците е приготвен со мешање на водни раствори од олово (II) ацетат, натриум хидроксид, триетанол амин и тиоуреа. Хемискиот процес се одвива во алкална средина и умерено загревање. Испитувањето на хемискиот состав на депонираниот материјал, беше извршено со прашкова рендгенска дифракција (XRPD). Дизајнирањето на овој метод беше спроведено со употреба на значителен број на примероци од неиспукани куршуми, при што беше испитувана и можноста за визуелизација на релативно стари отпечатоци. Притоа, успешно беа визуелизирани отпечатоци кои беа нанесени пред околу 2 години. Предложениот метод е релативно едноставен за изведување, што го прави потенцијално корисен при форензички испитувања. Клучни зборови: латентни отпечатоци, олово (II) сулфид, неиспукани куршуми, форензичка хемија, хемиска депозиција

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Saso Stojkovik
Date Deposited: 29 Feb 2024 09:07
Last Modified: 29 Feb 2024 09:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33785

Actions (login required)

View Item View Item