УГД на China-Ceec Forum od Music Academy Deans and Rectors 2023, во Кина

Velkovska-Trajanovska, Valentina and Kitanovski, Antonijo and Miteva, Zlatka (2023) УГД на China-Ceec Forum od Music Academy Deans and Rectors 2023, во Кина. [Project]

[thumbnail of Ucesnici CEEC  Forum.pdf] Text
Ucesnici CEEC Forum.pdf

Download (81kB)

Abstract

Музичката академија при УГД - Штип учествуваше на „China-CEEC Forum of Music Academy Deans and Rectors 2023“ во Кина, како полноправен член на Унијата на музички академии. Освен обраќањето од сите присутни ректори, декани и продекани со презентација на капацитетите и програмите што ги нудат музичките факултети и академии на Форумот се дискутираа предлози за идна соработка меѓу членките и можности за зајакнување на размената на студенти и наставнички кадар, со цел поквалитетно и сеопфатно образование на студентите. Присутните ја истакнаа благодарноста кон организаторот, Zhejiang Conservatory of Music, што исклучително успешно во изминатите шест години го организира Форумот и Фестивалот на музика и танц во Хангџоу, Кина. Иницијативата за овој извонреден настан произлегува од Третиот форум на министри за култура за соработка од областа на културата помеѓу Кина, централните и источните европски земји.
Фестивалот претставува неповторлив настан во рамките на дејноста на сите членки, заради видот на соработката, можностите што ги разоткрива, но и поради отворањето на земјите членки во полето на културата.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Valentina Velkovska Trajanovska
Date Deposited: 27 Feb 2024 11:55
Last Modified: 27 Feb 2024 11:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33774

Actions (login required)

View Item View Item