Tanev, Daniel and Todevska, Daniela (2023) Проценка на климатските услови во Сопскиот и Источнопланскиот Регион. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, Stip, Republic of North Macedonia.
Text
Книга на апстракти, IVстудентска конференција - финална (1).pdf Download (416kB) |
Abstract
Еден од клучните фактори за квалитетно и адаптирано земјоделско производство се климатските услови. Оценката на климатските услови во одредено подрачје се врши врз база на анализа на метеоролошки податоци.
Варирањето на среднодневните, минималните и максималните температури, како и врнежите за даден период се значајни параметри за одредување на аридноста и хумидноста на одреден регион. Нашето истражување беше базирано на анализа на
метеоролошки податоци (минимална, максимална и среднодневна температура и врнежи) добиени од две мерни станици – Штип и Скопје, во период од 2011 до 2021 година. Анализата на податоците беше направена со користење на Лангеов врнежен фактор, Индекс на суша според Де Мартон, како и изработка на климадијаграми по Walter. Резултатите од истражувањето покажаа дека Источнопланскиот и Скопскиот Регион се многу сушни и земјоделското производство мора да се одвива со преземање на соодветни агротехнички мерки и наводнување. Овие наоди покажуваат дека фундаменталните промени во земјоделството и пристапот кон третман и управување со земјиштето сенеминовни
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Daniela Dimovska |
Date Deposited: | 09 Feb 2024 12:11 |
Last Modified: | 09 Feb 2024 12:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33505 |
Actions (login required)
View Item |