Asani, Agim (2024) Културното наследство во функција на одржливиот развој на туризмот во Полошкиот регион. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Text
Doktorski trud Agim Asani (kompletiran)_compressed.pdf Download (8MB) |
Abstract
Одредена туристичка дестинација како многу битни и значајни фактори за нејзиниот развој ги има културата и културното наследство. Тие се двигател за развојот на туризмот во таа туристичка дестинација. Целокупната слика на културното наследство на една туристичка дестинација има големо значење за посетителите, бидејќи е директно поврзана за туристичката понуда на таа земја или дестинација. Вклучувањето на културното наследство во туристичката понуда ја збогатува содржината на престој на туристите и го зголемува нивното позитивно туристичко искуство, што резултира со зголемување на должината на престој, зголемување на туристичкиот промет и економските ефекти од развојот на туризмот. Со вклучувањето на културното наследство во туристичката понуда се креира една препознатлива туристичката дестинација која се разликува од сите други останати туристички дестинации, односно добиваме уникатна туристичка дестинација. Токму затоа, треба да му се посвети големо внимание на заштитата, промоцијата, унапредувањето, финансирањето на културното наследство од страна на локалните и државните власти, а по можност и на приватните бизниси или личности, се со цел тоа културно наследство да се стави во функција на одржливиот развој на туризмот и од која ќе имаат придобивка сите инволвирани страни.
Според тоа, како предмет на обработка во овој труд претставува поврзаноста помеѓу културното наследство и развојот на туризмот во Полошкиот регион. Оживувањето и активирањето на целиот тој потенцијал на културно наследство и ставањето во функција на одржливиот туризам. Природните и секако антропогените ресурси што ги поседува Полошкиот регион навистина се уникатни и затоа треба да се материјализираат и да се спакуваат во една атрактивна и привлечна туристичка понуда што ќе резултира со зголемување на туристичкиот промет и економските ефекти од туризмот во овој регион.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 05 Feb 2024 09:54 |
Last Modified: | 05 Feb 2024 09:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33404 |
Actions (login required)
View Item |