Nikolovski, Bruno (2023) Sinus aperta - предизвик за итен третман. In: Ургентни состојби во стоматолошка практика, 02 Dec 2023, Skopje.
Text
Simpozium 02.12.2023 (1).pdf - Published Version Download (117kB) |
|
Slideshow
СИМПОЗИУМ 02.12.2023 SINUS APERTA.pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Итните состојби во оралната хирургија се прашања кои бараат итно внимание и брзо привремено или трајно решение. Тоа се состојби кои “не чекаат” да пристигне лекар, да го разгледа проблемот и да го лекува пациентот пo неколку часа. Овие состојби можат да настанат секаде и во секој момент, од различни причини. Ако не биде пружена соодветна грижа веднаш, проблемот само ќе се влошува во секоја минута. Затоа, разбирањето како да се справите со итни случаи во устата е од клучно значење.
Еден пример за таква состојба во устата е “отворање” на максиларниот синус при екстракција на забите. Овој неповолен настан обично се поврзува со постоење на одонтоген максиларен синузитис кој може да биде предизвикан од несоодветен третман на забите, инфекција, остеомиелитис, траума, неуспешно подигнување на максиларниот синус, употреба на коскени графтови, лошо позиционирање на дентални импланти и други јатрогени компликации.
Сепак, дури и внимателна екстракција не секогаш гарантира превенција од формирање на оро-антрална комуникација, затоа хирургот треба да биде способен да ја третира оваа компликација.
Ова предавање ги обработува главните концепти и орално-хируршки техники во реконструкција на оро-антралните комуникации, предностите и недостатоците на презентираните методи и резултатите и последиците по примена на различни реконструктивни техники.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bruno Nikolovski |
Date Deposited: | 29 Jan 2024 13:29 |
Last Modified: | 29 Jan 2024 13:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33302 |
Actions (login required)
View Item |