Miloseski, Slobodan (2023) Професори и студенти - групна изложба. [Show/Exhibition]
Other (Каталог од изложбата)
Професори и студенти- каталог.pdf Download (6MB) |
|
Image (Фотографии од отворањето на изложбата)
Професори и студенти - фотографии.pdf Download (12MB) |
Abstract
Изложбата насловена „Професори и студенти“ на 09 јуни 2023 беше отворена во галерискиот простор на Младински културен центар (МКЦ) во Скопје.
Изложбата опфати дела изработени од студентите и професорите од факултетите и школите за уметност и дизајн, меѓу кои и од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), Факултетот за дизајн и мултимедија (ФОН), Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, Арт и дизајн при Европски универзитет, Факултет за уметност при Државниот универзитет во Тетово и Школата за дизајн и уметност „Скала“
Главна цел на настанот, како што потенцираат организаторите, е широкиот спектар на наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во земјава и потенцирањето на разликата меѓу нив, како и актуелизирање на наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале.
Ќе биде претставен селектиран избор на веќе етаблирани автори, но и оние чиј потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори како и претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето навизуелните уметности години наназад.
На изложбата Ликовната академија ја претставуваа проф. м-р Јана Јакимовска и проф д-р Слободан Милошески, како и студентите Спирче Јанкоски и Ивана Ивановска.
Јас како професор на изложбата зедов учество со скулпторското дело „Будење, изработено во инокс, со димензии 32,5х19х13cm.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Slobodan Miloseski |
Date Deposited: | 19 Dec 2023 12:11 |
Last Modified: | 19 Dec 2023 12:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32967 |
Actions (login required)
View Item |